Одржан свештенички состанок во Скопската бискупија

На 4 декември 2014 година во просториите на Ординаријатот на Скопска бискупија се одржа свештенички состанок на Скопската бискупија, со кој претседаваше Скопскиот бискуп и Апостолскиегзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов.

На почеток бискупот Стојанов ги поздрави присутните свештеници, а потоа се осврна на настаните кои се случуваа минатата година во месната Црква, но и во целата Црква.

На состанокот се избрани членовите на новиот Свештенички совет, а потоа и на Конзсулторискиот колегиум и Економскиот совет при Скопската бискупија. За декан на Скопскиот деканат Свештеничкиот совет го избра скопскиот парох дон Давор Топиќ.

Потоа се зборуваше за продолжување на пасторалната Година на семејство за месната Црква, како и за пасторалните активности во Година на посветен живот, прогласена од папата Фрањо. Бискупот Стојанов ги запозна присутните за неговата средбата со лицата со посветен живот, како и прифатениот договор за спроведување на Година на посветен живот во Црквата во Македонија.

Осврнувајќи се на Година на семејство, бискупот Стојанов ја истакна радоста и задоволството од активностите кои се спроведуваат во парохиите, нагласувајќи за плодовите кои се видливи и ги радува срцата на верниците. Присутните свештеници ги споделија искуствата и активностите во парохиите спроведени за време на Година на семејството.

На крајот од состанокот бискупот Стојанов се заблагодари на свештениците за конструктивното учество, охрабрувајќи ги во нивното послание и нивниот живот, истакнувајќи дека нивното служење на Црквата е за сопствено спасение, како и за спасение на душите на верниците.

к.мк

Категорија: Македонија

За авторот