Скопје: Миса за почетокот на новата училишна и пасторална година

На 28 септември Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов ја предводеше светата Миса во катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје по повод почетокот на новата учебна и пасторална година, како и примање на нови министранти во минстрантска служба. Покрај бискупот на Мисата сослужуваа и парохот дон Давор Топиќ, парохискиот викар дон Јошт Мезег, како и ѓаконот Анте Топиќ, член на хрватаската провинција на Дружбата Исусова.

После Евангелието следуваше чинот на прием на нови министранти. Во име на министрантите на новите министранти им се обрати Даниел Ѓеоргиевски, истакнувајќи ја улогата и посланието на министрантот. „Во заедницата, меѓу нас, присутен и најголемиот пријател на луѓето – Исус Христос. Сите имаме иста задача, иста цел: да му служиме на Христос, да го славиме Христос и сѐ да правиме за да се прошири неговото царство во светот. Министрантската заедница ја обележува пријателството и поврзаност во Христовиот Дух. Ние не сме обична екипа. Христос е меѓу нас. Тој е центар и врска на заедништвото. За таквото пријателество Исус го дава својот живот. Поради тоа министрантот го обликува Божјата љубв и го подготвува за негов животен повик“.

Како знак на добредојде во заедницата, постарите министрнати ги облекоа новите, а потоа новите министранти Борис Цветковски, Дарко Ѓекиќ и Иван Минкиќ пристапија пред бискупот и од неговите раце примија крст. Додека ја примаа министрантската облека, верниците ја пееја песната „Христос застана на брегот…“, а потоа ги поздравија министрантите со голема аплауз.

На почетокт од проповедта бискупот Стојанов се осврна на чинот примање во министранстска служба, истакнувајќи ја радоста поради новите членови во министрантската заедница и ги охрабри во служењето и градењето заедништво, истакнувајќи дека тие се дар за парохијата. Исусовата Радосна вест се состои во тоа што донесува оптимизам и надеж. Сите сме повикани на преобраќање и верување. На секој од нас му е кажано: Синко, ајде денес на работа во лозјето. “Како што овие два сина не се судени според зборовите кои ги ветија, туку по делата кои ги направија, така и ние ќе бидеме судени. Да не вперуваме пребрзо прст во другите. Доволно е да се погледнеме самите себе и да согледаме дека во нас се вселил другиот син“.

По повод почетокот на учебната година бискупот се осврна правата и должностите на децата, родителите и училиштата, а меѓу другото рече: „Од една страна се пренагласуваат должностите, а се премолчуваат правата, додека пак на другите им се пренагласуваат правата, а се премолчуваат должностите. Дали детето знае дека има право на образование, но и дека има должност да учи и да биде дисциплинирано? Дали родителите знаат дека имаат право да ги образуваат своите деца, но и дека имаат право да ги воспитуваат своите деца за училите, дека тоа не е приватна институција и не е место за разгалени индивидуалци, туку место каде постои ред, работа, учење и дисциплина: Колку се подготвени да соработуваат во училиштето, така што тоа дете не само да биде информирано, туку и формирано со навики за работа и одговорност? Училиштето е немоќно, доколку во училиштето дисциплина треба да одржува училишен полицаец. Малку изгледа апсурдно. Воспитна институција, а наставникот и учителот немаат начин како да ја одржат дисциплината и стекнувањето работни навики кај детето, бидејќи му се спротивставуваат „правата на децата“ и „правата на родителите“. Така настануваат мали разорени души, кои не можат да се привикнат на ред, ниту пак на работа. Во исто време од училиштето очекуваат чудо. Може ли да постои здраво семејство во кое мажот си живее „свој приватен живот“, а мајката си ги живее „своите права“? Последиците се несогледливи, а од тоа се погодени децата.“

Тука не можам, а да не го спомнам Бог.  Во нашите училишта: во нашето општество? Ако е Тој на прво место, сѐ би било поинаку. Да не заборавиме, во училиштето учиме за земниот живот, стекнуваме знаење во разни области, но и да не го заборавиме и Божјото училиште, да не ја заборавиме веронауката, која нѐ упатува кон Бог и нашиот вечен живот. Затоа апелирам до вас драги родители, праќајте го вашите деца на веронаука, она што ќе го добијат сега во нив ќе остане за цел живот“.

На крајот од Мисата парохот им честита на новите министранти и им посака добредојде во министрантската заедница, истакнувајќи дека ова е убав настан кој допринесува за создавање семејно заедништво во парохијата. Пота парохот го повика Амброз Ѓини и рече дека тој беше ревен министрант во парохијата, а кога стапи во брак повеќе не министрира, но во знак на благодарност за служењето епископот Стојанов му подари маица на која пишува „Ministrant forever“ (секогаш министрант).

На крајот следуваше благослов на почетокто на учебната година, а потоа нс повик на Секретаријатот на Синодата е измолена молитвата на папата Фрањо до Светото Назаретско Семејство за успех на 3. Вонредна синода, која ќе се одржи од 5 до 19 окотмви во Ватикан, на тема. „Пасторалните предизивици поврзани со семејството во контекст на евангелизацијата.“

к.мк/д.Д.Т.

Категорија: Македонија

За авторот