Скопје: Бискупот Стојанов служеше Миса Вечера Господова

Скопје: Бискупот Стојанов служеше Миса Вечера Господова

На 13 април 2017 во катедралата „Пресвето Срце Исусово“, во Скопје Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Макеоднија, монс. д-р Киро Стојанов ја предводеше Мисата Вечера Господова во сосолужение со катедралниот парох дон Давор Топиќ, монс. Антун Циримотиќ и дон Јошт Мезег.

После хомилијата која ја упати монс. Антун Циримотиќ, започна обредот миење на нозете, во кој бискупот Стојанов им ги изми нозете на дванаесетмина, па им предаде леб, како симбол на братската љубов. На последната вечера Исус Христос направи исто така на своите апостоли, па на тој начин им остави пример на вистинска љубов и служење едни на други. к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот