Сите Светци

Сите Светци

Светата Литургија на празникот на Сите Светци нé повикува да восклинеме „Да се веселиме сите во Господа“. Литургијата нé повикува да ја споделиме небесната радост на Светците и да ја вкусиме нивната радост. Светците не се мала каста на избрани луѓе, туку мноштво без број, кон кое литургијата денес повикува да го подигнеме погледот. Во ова мноштво не се само оние светци кои се официјално признати, туку сите кои се крстени од секоја епоха и нација, кои со љубов и верност се обиделе да ја исполнат волјата Божја.

Празникот за Сите Светци е еден од најомилените празници на христијанскиот народ. Овој празник се проширил во Европа во VIII-IX век. Од IX век почнал да се прославува исто така и во Рим, каде што оваа свеченост била наречена Велигден на Сите Светци. Всушност, неопходно било да се прославува победоносниот и воскреснат Христос во историјата на неговите Светци.

Празникот на Сите Светци е празник на нашата судбина, празник на нашиот повик. Тоа е еден убав празник во кој ја прославуваме Божјата верност кон луѓето и онаа на луѓето кон Бога; од ова среќно заедништво се раѓа и произлегува светоста. Прославувањето на Сите Светци значи да се гледа на оние кои веќе го поседуваат наследството на славата на Вечниот. Светците го контемплираат Божјиот лик и целосно се радуваат на оваа глетка.

Црквата нé повикува да го подигнеме погледот до таа точка каде може да се види небесниот Ерусалим, каде што „асемблејата од нашите браќа вечно го прославуваат“ Господа. Целата историја на Црквата е обележена од овие мажи и жени кои со нивната вера, со нивната љубов, со нивниот живот биле светилки за многу генерации, а исто така се и за нас. Светците на различни начини го покажуваат моќното и трансформирачко присуство на Воскреснатиот; оставија сведоштва дека Христос потполно го прегрнал нивниот живот така што заедно со свети Павле можат да потврдат „и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене“ (Галатјаните 2,20).

Празникот на Сите Светци го отвора погледот кон небесниот град, заедничката татковина кон која сме упатени и каде многу наши браќа веќе стигнале; татковата куќа каде вечно се слави Божјиот празник со своите пријатели (Откровение 7, 9-14).

Размислувајќи за славата на Светците тие ни велат дека нам ни се дадени „како пријатели и модели на животот“. Поттикнати од нивниот пример, „кон заедничката татковина ние, верниците на земјата, да го забрзаме нашето патување во надеж, задоволни заради прославената судбина на овие избрани членови на Црквата“.

Светците се тие на кои Црквата денес се сеќава, без потреба да ги именува. Светците се мажи и жени кои интензивно го бараа и го љубеа Бога; личности, за кои, можеби, не знаеме ништо, но кои низ вековите го примија Христовото Слово кое вели: „Ви дадов пример да правите и вие така, како што ви направив Јас“ (Иван 13,15). И тие ја направија својата животна програма, со една егзистенција длабоко вкоренета во Него, Божјиот Син, Откупителот, кои го љубеа со сета своја сила, правејќи го присутен меѓу луѓето.

Беседата на гората (Матеј 5-7) е една од страниците каде најмногу е откриена христијанската вистина и исто така е меѓу најинволвираните од целиот Нов Завет доколку го следи патот на ученикот по стапките на Царството. Евангелието за Блаженствата го претставува првиот дел од „беседата на гората“. Гората е местото на откровение, било за славното преобразување на Исус, било за неговиот збор. Всушност, гората има поспецифично значење: таа сака да нé потсети на Синај, гората каде бил објавен законот и склучувањето на сојузот.

Блаженствата со сигурност се најзначајната синтеза на целата „радосна вест“ на Исус и најизразеното прогласување на христијанската новост и силно нé потсетуваат на тоа која е Божјата логика. Блаженствата се срцето на Евангелието за Царството Божјо. Блаженствата се кодот за светоста, вистинската лична карта на христијанската светост. Блаженствата не можат да бидат прочитани само како поетски текст или како силни морални содржини, или пак како мудра изрека: тие се добрата вест, Евангелието, како ставови кои треба да бидат вкоренето живеени од страната на Исус, како такви, треба да станат стил на живот на секој христијанин. Затоа, сме повикани да ги прифатиме како прашање и мотив кои ја ставаат во прашање нашата вера, нашето следење на Исус Христос и, попрецизно, нашата радост и среќа во живеењето на Евангелието. Да, затоа што блаженствата се однесуваат на односот помеѓу верата и среќата.

Девет пати Исус ги нарекува блажени оние кои живеат неколку конкретни ситуации по можност да им го олесни нивниот пат кон потполното заедништво со Бога. Тој открива дека блаженството не доаѓа од надворешните услови, не доаѓа од благосостојбата, од задоволството, од успехот, од богатството; тоа сепак се раѓа од конкретно однесување кои се определени на едно ветување на среќата од страна на Бога, однесувања кои се втиснати во срцето и посведочеби во секојдневниот живот. Новоста која Исус ја вметнува во Блаженствата е самиот Тој: Тој е кој учествува во човечката слабост, ја сочуствува слабоста и ја спасува љубејќи ја. Тој е сиромавиот, кроткиот, миротворецот, прогонуваниот заради правдата. Блаженствата се со сигурност една тешка животна програма, а сепак имаат голем шарм. Тие го покажуваат патот на слободата преку одвојувањето од добрата, преку вежбањето на милосрдието и кроткоста, преку солидарноста на човекот, преку љубовта и соживотот во мир. „Блажените“ за кои Исус повторува девет пати се: оние кои сé досега ја живеат среќата, кротките, миротворците, непорочните, оние кои интензивно и со дар го живеат сопствениот живот, како светците.

Блаженствата ја покажуваат духовната физономија на Исус и на тој начин ја изразуваат неговата мистерија, таинството на Смртта и Воскресението, за Страданието и Воскресната радост. Ова таинство, кое е мистерија на вистинското блаженство, нé повикува да го следиме Исуса и на тој начин на пат кон самото Блажнество.

Зборувајќи за светоста, неопходно е да се прецизира еден факт: канонизацијата на еден сведок на верата не му додава ништо на неговиот живот; ништо што не било веќе дел од од неговиот земен живот. Всушност, Црквата не ги сочинува Светците; Црквата ги признава дека се во согласност светоста на Христос, овоплотена и манифестирана во деновите на нивниот живот на земјата. Денес ја почитуваме оваа безбројна заедница на Сите Светци, кои, преку нивните различни патеки на животот, ни покажуваат различни патишта на светост, обединети во еден единствен израз: да се следи Христос и се биде во согласност со Него, сé до последно од нашиот човечки живот. Сите состојби на животот, всушност со делувањето на благодатта и со посветеноста и истрајноста на секој еден, може да станат патишта на светост.

UmanesimoCristiano/З.А.

Категорија: Вера, Духовност

За авторот