Синодата во фокусот на онлајн состанокот на папата Фрањо и Кардиналскиот совет

Синодата во фокусот на онлајн состанокот на папата Фрањо и Кардиналскиот совет

Синодата на епископите беше темата на онлајн состанокот на Кардиналскиот совет и папата Фрањо кој се одржа во вторникот на 21 септември во попладневните часови, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

На седницата учествуваа кардиналите Оскар А. Родригез, Рајнхард Маркс, Сеан Патрик О’Мали, Освалд Грацијас и Фридолин Амбонго Бесунг кој беа поврзани на интернат платформата од своите земји додека кардиналите Пиетро Паролин и Џузепе Бертело и секретарот на Советот надбискупот Марко Мелино беа во Рим. Работата на кардиналите ја следеше папата Фрањо од својата канцеларија од домот Света Марта.

По краткиот вовед на кардинал Марадијага Светиот Отец зборуваше за отворањето на Синодата на епископите за синодалноста.

Како што се наведува во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, римскиот епископ ги повтори своите две интервенции, според неговото мислење централна точка за размислување за следната синода. Прво по повод 50 годишнината од воспоставувањето на епископската синода во 2015, а второ говорот е упатен до вернциите на Римската бискупија минатата сабота. Објасни дека срцето на размислувањето не е толку во продлабочувањето на некои теми колку во учењето за начинот на живеење на Црквата обележано на сите нивоа на меѓусебно слушање и пасторален став, посебно пред искушенијата на клерикализмот и ригидноста.

Кардиналите во своите говори искажаа различни аспекти на синодалниот пат посебно кон потребите на земјите од кои доаѓаат за да се надминат секташки и пристрасни интереси.

Состанокот кој започна во 16.00 часот, заврши во 18.00 часот и договорена е следната средба за декември која ако условите дозволат треба да се одржи во Рим со присуство на кардиналите.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот