Се разгледува можноста за патување на Папата во Ерменија

Се разгледува можноста за патување на папата Фрањо во Ерменија, а што се однесува до датумот се предвидува за втората половина од месец јуни – рече патер Федерико Ломбарди, директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол. Конечната обиколка од страна на ватиканската страна сѐ уште не е завршена – рече патер Ломбарди и додаде дека исто така нема и програма, која е прифатена од Папата. Терминот од 22-26 јуни, кој некој го има објавено, не е точен. Добро е да се сочека до конечната одлука како не би настанала забуна – рече на крајот директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот