Се разбудила од кома: „Се молев со Иван Павле II“

Младата 33-годишна мајка Ивана Греко од Катанија, доживеала една многу необична приказна. Во март ова година, во 32 недела од бременоста, била хоспитализирана поради мозочна анеуризма. Со царски рез на свет донела девојче кое тогаш тежело само половина килограм. Лекарите успеале да го спасат животот на малото девојче, меѓутоа Ивана не се разбудила од кома. За тоа време, како што раскажува, доживеала едно необично искуство.

– Додека бев во кома се молев со Иван Павле II. Тој седеше до мене на креветот, ја почуствував неговата рака на своето чело… Се молевме часови и часови,… со денови, секој ден…- раскажува Ивана која е сигурна дека блажениот папа го спаси нејзиниот живот и животот на нејзиното девојче.

-Ја стави мојата глава на своето рамо и ми рече да се молиме на Богородица. Секој ден ме прегрнуваше… Ми рече никогаш да не престанам да се молам. Кога ми рече дека мора да оди, тогаш се разбудив од кома.

Откако се разбудила од кома, прво што направила побрзала да го посети своето девојче, малата Ребека Марија, која сеуште била хоспитализирана на Оделот за неонатологија.

– Сопругот и јас на 24 јуни отидовме во Меѓугорје, за да и заблагодариме на Богородица за нејзиниот заговор. Уверена сум дека нејзиниот заговор и заговорот на блажениот папа ми го спаси животот. Нема друго објаснување, за нас ова е чудо – вели Ивана.

Ова е уште едно од низата оздравувања по заговор на блажен Иван Павле II. Само по една година од неговата смрт регистрирани се повеќе од 2000 чуда. Верниците од целиот свет со нетрпение ја очекуваат неговата канонизација. Уште во април 2005 на погребот на папата извикуваа: „Santo subito!”, барајќи папата Иван Павле II веднаш да биде прогласен за светец.

Категорија: духовнитекстови

За авторот

Write a Comment

<