Се врши неприфатлив притисок врз Кардиналскиот Колегиум

Во неделниот вовед на Радио Ватикан, патер Федерико Ломбарди се осврна на непристојните нападите кои се вршат врз Црквата

Патот на Црквата во последните денови од понтификатот на Бенедикт XVI, сè до изборот на новиот Папа, седисваканцијата и конклавите, поради новата ситуација е со многу барања. Се радуваме бидејќи не треба да бидеме тажни заради смрт на саканиот папа, но не сме поштедени од друго искушение: зголемување на притисокот и размислувањата на туѓите духови со кој тие би сакале Црквата да живее во периодот на исчекување и подготовка – пишува овие денови во воведникот, директорот на канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Многумина се обидуваат да го искористат моментот на изненадување и неснаодливост за да посеат сомнежи и да го срушат угледот на Црквата и нејзината управа, прибегнувајќи кон старите алатки, преку зли јазици, дезинформации, понекогаш и самите клеветат, или прават неприфатлив притисок за да влијат на гласачката обврска на некои од членовите на Кардиналскиот колегиум, кој од една или друга причина е непосакуван – истакна патер Ломбарди.

Кој се наметнуваат како судија, изнесувајќи тешки морални судови, во повеќето случаи немаат никаков авторитет за да го прават тоа. Кој мисли само на пари, секс и власт и навикнат е со тие мерила да ги гледа работите, не е способен во Црквата да види ништо друго, бидејќи својот поглед не знае да го упати во висина и не знае да слезе во длабочина за да може да ги сфати димензиите и духовната причина на живеење. А резултатот на тоа е искривена слика на Црквата и нејзините луѓе – пишува патер Ломбарди.

Но тоа нема да влијае на верниците, нема да наштети на верата и надежта во Господ кој вети дека ќе ја следи својата Црква. Ние сакаме според традицијата и законите на Црквата, ова да биде период на искрено размислување за духовно исчекувања на светот и за верноста на Црквата кон Евангелието, молитва за помош од Светиот Дух, близина на Кардиналскиот колегиум, кој се подготвува за важна служба во распознавање и бирање кое што се бара од него и поради што постои – пишува патер Ломбарди.

На тој наш пат нè следи пред сè со пример и духовна непорочност папата Бенедикт XVI кој на почетокот на постот во своите последни денови од папството сакаше да се посвети на молитвата. Покорнички пат на преобраќање кон воскресната радост, во овој дух живееме и ќе го живееме овој период: преобраќање и надеж- заклучи патер Ломбарди.

Извор: РВ

Превод:Д.И

Категорија: Колумни

За авторот

Write a Comment

<