Се ближи Светкиот ден на млади во Панама

Се ближи Светкиот ден на млади во Панама

Панамскиот надбискуп Хозе Доминго Улоа Мендиета претседател на Организацискиот одбор за Светскиот ден млади кој ќе се одржи во Панама од 22 до 27 јануари следната година, за Ватикан њуз зборуваше што очекуваат верниците во Панама и како течат подготовките за таа средба.

Панамскиот надбискуп Хозе Доминго Улоа Мендиета пред сѐ истакна дека во Светскиот ден на млади во Панама гледа прилика за обнова на верата во цела Северна Америка и додаде дека пред нив стојат две важни задачи – да го препознаат Исуса во секој ходочасник кој верниците во Панама ќе го примат во својот дом и да ја подготват инфраструктурата потребна за приемот на илјадниците ходочасници од повеќе од 190 земји. Исто така надбискупот рече дека во овој период најважно е духовно да се подготват со молитва и разговор со Исус, и да откријат што ги прави Црква и што можат да понудат на толку браќа и сестри кои доаѓаат на средбата.

Што очекуваат верниците во Панама?

На прашањето што верниците во Панама, а пред сѐ младите очекуваат од овој важен настан, надбискупот одговори дека очекуваат духовно збогатување, но истовремено сакаат да ги збогатат сите учесници. Освен тоа – додаде – со радост ја очекуваме приликата за да ги споделиме истите идеали и истиот сон и да видиме дека е можно да се сонува за нов свет и за нова Црква. Монс. Улоа Мондиета исто така рече дека голем акцент ставиле на точките заеднички за сите и притоа издвоиле три основи: важноста за зачувување и преземање грижа за заедничкиот дом, присуството на Марија во нашиот живот и постапката за расудување за да сфатиме што Бог бара од секој од нас.

Што Црквата во Панама може да им пружи на ходочасниците?

На прашањето што црквата во Панама и Средна Америка може да им пружи на ходочасниците, надбискупот одговори дека може да им пружи едноставност, радост и доверба. Можеме исто така да го посведочиме патот кој го поминала Црквата во Средна Америка – патот на страдање и мачеништво – додаде надбискупот Улоа Мендиета и го издвои примерот на блажениот Оскар Ромеро, епископ на Сан Салвадор кој е убиен како борец за правата на сиромашните и угнетуваните.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот