Сестри во Полска најдоа бебе во својот „Прозорец на животот“

Сестри во Полска најдоа бебе во својот „Прозорец на животот“

Кутијата во вид на прозорец е направена за родителите анонимно да можат да го остават своето бебе за кое од која било причина не можат да се грижат.

Сестрите Фрањевки од Богородичното семејство во главниот град на Полска Варшава на 24 август нашле новороденче во својот „Прозорец на животот“, а всушност е кутија во облик на прозорец во ѕидот на нивниот манастир.

Таа кутија е направена за родителите анонимно да можат да го остваат своето бебе за кое од било која причина не можат да се грижат. Конкретно женското бебе го нарекле Зузија и ја контактирале полицијата и медицинската служба.

Во изјавата на надбискупијата во Варшава стои дека со бебето имало парче лист на кое пишувало дека е родена на 24 август во 3 часот наутро. Дежурните лекари од Итната помош наведуваат дека детето било чисто, облечено и здраво.

Инаку тоа е 18 бебе кое е спасено откако сестрите пред 12 години во ѕидот на својот манастир направиле „Прозорец на животот“. Местото во 2008 година го благослови надбискупот Казимирц Ниц.

Недјелја/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот