Сестра Розалија Ташева прослави 50 години монашки јубилеј

Во недела 11 мај 2014 година во црквата Пресвето Срце Исусово во Битола с. Розалија Ташева, од монашката заедница Ќерки на христијанската љубов, го прослави својот 50-годишен монашки јубилеј.

По тој повод Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија заедно со парохот Антун Нижетиќ и во заедништво со свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија служеа свечена Миса, на која присуствуваа и голем број верници, како и блиски роднини и пријатели на сестра Розалија.

Сестра Розалија Ташева е родена на 26 август 1944 година во Радово. На 01 мај 1964 во Белград станува дел од монашката заедница на Ќерките на христијанската љубов. На многаја и благаја лета!

о. Г.Појразов

Категорија: Македонија

За авторот