Сестра М. Текла, мисионерка на љубовта, заминува од Македонија

Сестра М. Текла, мисионерка на љубовта, заминува од Македонија

Заедницата на Сестрите Мисионерки на љубовта или познати како Сестри на света Мајка Тереза на 5 јануари 2022 година, придружувани од својата Провинцијална настојателка сестра Мариета, присуствуваа на света Литургија предводена од Н.В.П. монс. Киро Стојанов во капелата „Свети Кирил и Методиј“ во Бискупската резиденција во Скопје.

По тој повод бискупот Стојанов беше известен од почитуваната Провинцијалка за промените во заедницата на Сестрите Мисионерки на љубовта во Скопје. Имено, после повеќегодишното мисионерско дејствување сестра Текла ја завршува својата Мисија во Македонија и е упатена на нова мисија, а на нејзино место доаѓа сестра Сајрена.

Бискупот Стојанов изрази благодарност до сестра Текла и воопшто до Сестрите за нивната мисија и неизмерна грижа за потребните во Македонија те изрази  добредојде на сестра Сајрена посакувајќи и успешна мисија и поделувајќи ѝ архиерејски благослов.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот