Септември во Боливија „Месец на Библијата“

Септември во Боливија „Месец на Библијата“

Под геслото „Слушај го Словото и сега оди“, Боливија во септеври го слави „Месецот на Библијата“.

Оделот за библиска анимација кој припаѓа на евангелизациското подрчје на Епископската конференција на Боливија повика овој месец да се живее креативно делејќи материјал со цел зајакнување на живата средба со Исус Христос – објави Епископската конференција на Боливија на својата интернет страница „Жива Црква.“

Месецот на Библијата е погоден простор за пристап до Светото Евангелие; тоа е време во кое придружувани од Светиот Дух ги отвораме своите срца за да бидеме плодна земја на која Божјото Слово донесуваа троен, шесткратен или стократен плод, рече епископот Валдо Барионуево апостолски викар за градот Рејес и водач на Оделот за библиска анимација на евангелизациското подрчје на Епископската конференција на Боливија. Истакна дека ќе се чита и размислува врз основа на Евангелието според Лука под геслото „Слушај и сега оди.“

Без сомнеж заради пандемијата од болеста Ковид-19 живееме во единствено време кое од нас како верници бара многу креативно и храбро да го запознаеме Словото Божјо. Тоа е исто така време кое нè поттикнува повотрно да го сретнеме Словото со знаците на времето за да го препознаеме спасоносното Божјо присуство кое и понатаму нè повикува на соработка во неговото послание – рече епископот Барионуево.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот