Семејство по Божја мера

Празникот на светото семејство Исус, Марија и Јосиф секогаш е повод и потик за секое семејство со вера. Повод за да го преиспита својот семеен статус и својата состојба. Но и поттик за сѐ повеќе да е во согласност со овој модел на семејство кое е Божји дар за сите верници и нивните семејства во кои можат и треба да бараат помош и застапништво за својот живот.

Ова денес е неопходно повеќе од било кога, затоа што денес повеќе од било кога постојат општествени структури кои наместо да се грижат за семејството во сопственото општество, ја отфрлат таква грижа и барат начин да го нагризат семејството и да ја намалат неговата улога и значање. Не само некои безбожни властодршци, како што слушнавме во Евангелието, кој ја сакаат главата на Светото Семејство, со што ќе се оправда нивната борба против светото, туку денес во современото општество властодршците се борат и против оној сосема природен статус на семејството кој е вткаен во темелите на секое општество, т.е. во самиот живот. Денес во општеството постојат и се обидуваат да наметнат многу сурогат семејства, разни облици на заедништво меѓу маж и жена кои не создаваат семејство и во кои не се дозволува пристап на Бог, и не само што се случува борба против она што е свето и Божјо, туку и семејството е загрозено во своето природно значење и смисла.

Но, Светото семејство сведочи за потребата животното заедништво меѓу мажот и жената да се претвори во семејство, заедница која се инспирира на Божјот идеал. Во вистинското семејство се случува неповторливо заедништво во кое поединецот ја наоѓа својата цврста заштита, а општеството својот темел. Затоа не би смеело да се случи поединците и општеството да работат против ова заедница, туку да работат на нејзино зацврстување, како што Бог работел во целата историја на спасение додека не го испратил својот Син за Тој да биде конечен главен камен на секое семејство. Всушност, затоа што светот ја деградира и редуцира таа возвишена стварност, затоа што ги оспорува божанските темели, затоа што во него не го гледа Божјот план, ниту го подржува согласно тој Божји план, Бог затоа ни го дава Светото Семејство за тоа уште еднаш, уште појасно и повозвишено да посведочи што е вистинско семејство и како се однесува тоа кон Бог и неговиот план.

Всушност, затоа Бог кој доаѓа на земјата не сакал да биде без семејство, т.е. затоа што сакал да живее човечки живот како секој човек. Затоа неговиот став кон семејството ни помага да го изградиме својот став согласно со неговиот. Ако Бог го почитувал семејството и го предвидел како најсоодветно место за раѓање, растење на човечкиот живот, тогаш е сосема логично и луѓето да се потрудат да одговорат на тој план и своите семејства да ги изградат согласно на тој план, а не во семејствата да живеат елементарно, како квалитетниот семеен живот да може да постои сам од себе, со силата на човечката природа, без усогласување со Божјот план, волја и зборови. Ако Бог сакал и Неговиот Син да живее во човечко семејство, тогаш секое семејство по тоа треба да постане свесно за својата светост, т.е. средина која Бог сакал да биде света. Затоа сакал семејството да ја исполнува својата света задача, т.е. да се изградува по мерка на Бог.

Всушност, такво било сведоштвото на Светото Семејство, кое навистина било семејство по Божја мера, затоа што таа мера ја одредил овоплотениот Божји Син. Марија како чиста Девица себе се посветила на Бог за да може да го прими во своето срце Божјот Син, и нејзиното битие навистина било посветено по Божја мера. А исто така и свети Јосиф праведник, кој го исчекувал оправданието за својот народ, со сила Божја потполно се подложил на Божјиот план и самиот е човек по Божја мера, својот дом го става на располагање на Божјот Син и така нивното семејство било изградено по она автентична димензија која Бог ја зацртал за секое семејство. Затоа ако семејството е важно за човечкото општество, тогаш Свето Семејство е неопходен модел за секое семејство кое сака да го врши своето семејно послание и да биде вистинско човечко семејство, што може и да биде ако дозволи Бог да биде вткаен во семејниот живот.

Да молиме денес за сите семејства со вера да бидат знак и сведоштво во светот во кој живееме, односно најпрво пред самите да се усогласат со Светото Семејство, да го градат своето семејство според Божјата мера. Нека навистина бидат свети семејства според мера, вдахновението и сведоштвото кое им го пружи Светото Семејство за да бидат семејства според Божјата, а не според човечката мера. Нека дозволат градител да им биде самиот Бог, кој ги избрал Марија и Јосиф за семејство на својот Син, за да можат да бидат навистина чисти и зрели кои го слушат Бог, неговиот глас и поттик, и служејќи на Бог да можат да го преобразуваат овој свет одгледувајќи деца во својата средина по мера на вистински богосиновство.

Лаудато/Д.И.

За авторот