Семејството Ристови поклони круни за венчание на парохијата Свети Иван Крстител – Струмица

Во недела 23 номеври 2014 година при крајот на Светата Литургија во црквата Свети Иван Крстител – Струмица, семејството Ристови подари на парохијата круни за свето венчание. Горан и Елена Ристови со свечен влез ги донесоа круните пред парохот о. Гоце Костов, кој ги благослови и ги прими.

Заблагодарувајќи се на семејството Ристови за дарот, парохот ги повика верниците да се молат за нивните потреби, а исто така да молат и за сите други дарователи на овој свет храм.

к.мк

Категорија: Македонија

За авторот