Семејството го запира ширењето на пустината на самољубието

Папата Фрањо служеше света Литургија во универзитетскиот кампус во Најроби. Семејството и заштитата на животот рече се вредности со кои се запира ширењето на „новите пустини“ на самољубието и рамнодушноста кон другите.

На ширењето нови пустини на самољубие и рамнодушност може да се спротивстави зрачејќи во друштво на Божјата љубов и тоа преку гестови на братство и поддршка дадени на најсиромашните – е пораката на папата Фрањо која ја упати на илјадници луѓе кои учествуваа на светата Литургија служена во универзитетскиот кампус Најроби на кој што свети Иван Павле II три пати славеше света Литургија.

Познато е дека во Африка верата игра. Душа која моли, за разговор со Бог потребно е тело во движење. Така на првата света Литургија на папата Фрањо на африканскиот континент, на звучната сцена имаше напеви и танцови од многу стара племенска традиција во која Евангелието во текот на пет века ја внесе својата порака.

Дождот кој паѓаше изгледаше како дел од кореографијата, а поголемиот дел од мноштвото собрани на света Литургија го занемаруваше. Токму за водата која наводнува говореше папата Фрањо. Господ ни говори дека вода ќе создаде во пустината за да процвета жедната земја – рече Папата на почетокот на проповедта и продолжи – Кениското општество долго било благословено со силен семеен живот, со голема почит кон мудроста на старите луѓе и со љубов кон децата.

Истакнувајќи потоа дека здравјето на секое општество зависи од здравото семејство, Папата рече дека за нивно добро како и за доброто на општеството, верата во Божјото Слово повикува да се потпреме на семејството на неговото послание во општеството, да ги прифатиме децата како благослов за нашиот свет и да го штитиме достоинството на секој маж и секоја жена, бидејќи сите сме браќа и сестри во само едно човечко семејство.

Во послушноста на Словото Божјо повикани сме да се спротивставиме на постапките кои ја поддржуваат горделивоста на луѓето, ги рануваат или омаловажуваат жените, кои не се грижат за старите луѓе и се закануваат на животот на недолжни сè уште неродени деца – истакна Папата и напомена дека сме повикани взаемно да се почитуваме и охрабруваме и да се дојде до сите кои се во потреба. Христијанските семејства – според зборовите на Папата – го имаат тоа посебно послание: да зрачат со Божјата љубов и да ја налеваат окрепувачката вода на неговиот Дух. Тоа е посебно важно денес, бидејќи сме сведоци на ширењето на нови пустини која ги создаде културата на самољубието и рамнодушноста кон другите луѓе – истакна Светиот Отец.

Христијанското послание е да се живее како маж и жена кои се средство на Божјите милости, кои неговото милосрдие, неговата наклонетост и вистина дозволуваат да изградат дом кој е огниште околу кое се живее во хармонија со браќата. Тоа треба да биде дом во кој младите се посебни жители. И токму на нив се обрати папата Фрањо на местото каде што минатата година од нив повеќе од 7.500 дипломираа и кои ќе бидат столбот на утрешната Кенија.

Нека големите вредности на африканската традиција, мудроста и вистината на Божјото Слово и великодушниот идеализам на вашата младост ве води во обрската за обликување на општеството кое ќе биде сѐ поправедно, кое ќе вклучува и кое ќе го почитува човечкото достоинство. Секогаш на срцето нека ви бидат потребите на сиромасите; отфрлете го сето она што води до предрасуди и дискриминација, бидејќи тие работи како што знаеме не се Божји – истакна папата Фрањо.

Светиот Отец проповедаше на италјански јазик и беше преведена на англиски, а заврши со вообичаените зборови: „Нека Бог ја благослови Кенија“, „Мунгу абарики Кенија!“

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот