Секретарот на Папскиот совет „Кор Унум“ го посети Дамаск

Секретарот на Папскиот совет „Кор Унум“ монсињор Џампиетро Дал Тозо на 31 октомври ја заврши посетата во Дамаск, каде што беше од 28 октомври за да присуствува на седницатана католичките епископи во Сирија. Монс. Дал Тозо се сретна и со претставниците на повеќе институции, посебно католичките, кои во овој кризен момент организираат активности за хуманитарна помош во таа земја. На средбите посебно беше истакната посветеноста на Светиот Отец и Светиот Престол за поддршка на христијанските заедници и за целиот народ кои страдаат заради последиците од конфликтите, како и повикот до земјите вклучени во конфликтот да постават дијалог и помирување. Исто така беше истакната и важната улога на католичките добротворни дела, од кои целото сириско население добива помош.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот