Секое дете заслужува да биде ученик

Секое дете заслужува да биде ученик

По повод 1. септември датумот кој званично се зама како почеток на Учебната година, заеднички децата и возрасните да дадеме подршка за сите деца во Македонија и светот кои од различни причини се спречени да го отпочнат своето школување, преку Манифестацијата: „Секое дете заслужува да биде ученик“. Која оваа година го има мотото: Родители имајте грижа кон децатаДеца почитувајте ги родителите.

Молитвената накана е надополнета со молитва за Заштита од Ковид 19, на сите ученици и студенти, родители и просветни работници.

Поради Ковид 19 ситуацијата, активностите со возење велосипед се одложуваат. Собирна точка на Манифестацијата за сите учесниците за овој 1. септември беше предвидено да биде дворот на Парохиската црква „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица.

Почетоците на Манифестацијата:„Секое дете заслужува да биде ученик“ се врзани со големата и активна дејност на неколку парохии од Македонија при големата Мигрантска криза во 2015 и 2016 година, кога ги гледавме страданијата на децата и нивните родители кои оставиле сѐ и тргнале во непознато, не по своја волја…

Секојдневното среќавање со тие луѓе нè натера да погледнеме подлабоко што се случува и во нашите краеви.

Велосипедот е избран како средство достапно секому, а сепак брзо за реализирање на замисленото.

Велосипедот има и други свои позитивни страни за екологијата, за физичкото и ментално здравје…

Манифестацијата е со одобрение и благослов на Н.В.П. монс.д-р Киро Стојанов.

Отец Зоран

Категорија: Вести, Македонија

За авторот