Секирник: Духовна обнова за сопругите на свештениците од Струмичко-скопската епархија

Секирник: Духовна обнова за сопругите на свештениците од Струмичко-скопската епархија

Во сабота 11 декември 2021 година во парохиската црква „Свети Никола“ во Секирник се одржа духовна обнова за сопругите на свештениците од Струмичко-скопската епархија. На средбата се молеше молебен до Пресвета Богородица, по што следуваше катехеза од о. Ѓорги Динов, кој зборуваше за совеста – гласот Божји и место каде што човекот и Создателот остануваат сами. После катехезата присутните имаа можност за света Исповед и света Литургија.

Средбата беше организирана од катехетската група а истата е плод од Синодата за Црквата во Македонија и е прва од ваков карактер.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот