Секирник: Духовна обнова за свештеници

Секирник: Духовна обнова за свештеници

Во четврток 22 април 2021 година во просториите на парохијата „Свети Никола Чудотворец“ во Секирник, а во пресрет на Страсната седмица и празникот Воскресение Христово се одржа духовна обнова за свештениците од Скопско – струмичката епархија.

Во духовното размислување о. Георги Трајков протереј ставрофор, катедрален парох во парохијата Успение на Пресвета Богородица – Струмица зборуваше на тема: „Праведниот Јосиф во годината посветена на него“.

Духовната обнова заврши со света Литургија, која ја предводеше Н.В.П. монс. Киро Стојанов.

к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот