Седум работи кои мора да ги знаете за ангелите чувари

Седум работи кои мора да ги знаете за ангелите чувари

Ангелите не се дебелкасти херувими кој на облаците свират со харфа, туку силни духовни суштества кои се борат за твојата душа. Еве како да избегнеме погрешни верувања за ангелите чувари.

Колку често размислуваме за тоа дека сме благословени затоа што имаме добиено како дар ангел чувар кој нѐ чува и бдее над нас? Многумина од нас како деца ја и молеле молитвата „Ангеле Божји чувару мој..:“, но како возрасни малку помалку забораваме на важноста и моќта која може да ја имаат во нашите животи.

Духовноста New age предизвика многу недоразбирања за тоа кои се всушност ангелите, како со нив можеме да комуницираме и каква моќ може да имаат во нашите животи. Затоа е важно да знаеме што зборува традицијата на Католичката црква за ангелите чувари.

Еве еден попис за тоа што треба да знаеме за ангелите чувари како би избегнале погрешни верувања.

1.Ангелите чувари се стварни

Католичката црква не ги измислила ангелите чувари како би можеле со нив да ги заспиваме децата. Ангелите чувари навистина постојат. „Постоењето на духовни, бестелесни суштества кои Светот Писмо обично ги нарекува ангели, се верска вистина. Сведоштвото на Светото Писмо за тоа е многу јасно како што и традицијата е еднодушна“ (ККЦ 328). Има многу места во Светото Писмо каде се спомнуваат ангелите. Тие служат на сите, како на пастирите, така и на Исус.

„Кога сте во искушение, повикајте го својот ангел. Тој сака да ви помогне повеќе отколку што вие самите посакувате. Игнорирајте го ѓаволот и немајте страв д него, тој се плаши и бега штом ќе го види вашиот ангел чувар“ (свети Иван Боско).

  1. Сите имаме ангел чувар

„Секој верник покрај себе има еден ангел како заштитник и пастир кој нѐ води во животот“ (Свети Василиј Велики). Не мора да гои делиме со некој друг ангелот чувар. Тие се многу важни за нашата духовна состојба, па затоа Бог нѐ благословува со личен ангел чувар. „Достоинството на човечката душа е големо, затоа што секој човек од почетокот  на својот живот има ангел, кој е задолжен да го пази„ (свети Јероним)

  1. Тие нѐ водат во небо (ако им дозволиме)

„ Нели се тие сите службени духови, определени да им служат на оние, што ќе го наследат спасението?“ (Евреите 1,14). Нашите ангели чувари нѐ штитат од злото, ни помагаат во молитвата, нѐ упатуваат на мудри одлуки, нѐ претставуваат кај Бог. Може да делуваат на нашите чувства и мисли, но не и на нашата волја. Не можат да одлучуваат наместо нас, но нѐ поттикнуваат на секој можен начин да го одбереме доброто, убавото и вистината.

  1. Никогаш не нѐ напуштаат

„Драги пријатели, Господ е секогаш близок и активен во човечката историја и не придружува и со поединечното присуство на неговите ангели кои денес Црквата ги почитува како „чувари“, односно служители на божествената грижа за секој човек. Од почетокот па сѐ до смртта, човечката душа е опкружена со нивна постојана грижа.“ (Папата Бенедикт XVI).

Нема причина да се чувствуваме безнадежно и осамено, затоа што ангелите чувари се секогаш со нас за да се залагаат постојано за нашите души. Дури ни смртта не нѐ разделува од нашиот ангел. Тие се постојано со нас на земјата и сигурно ќе останат со нас и на небото.

  1. Вашиот ангел чувар не е твојот прадедо

Наспроти она што често се верува и се кажува како би се утешиле луѓето во тага, ангелите не се мртви луѓе. Тие се духовни суштества со разум и волја кои се создадени од Бога да Го слават и да му служат вечно.

  1. Дајте им име на вашите мачиња, а не на вашиот ангел чувар

„Народната побожност кон светите ангели е легитимна и исправна, сепак може да доведе до некои девијиации … кои треба да се осудат, како што е на пример обичајот на ангелите да им се даваат посебни имиња, освен за Михаил, Гаврил и Рафаел, кои се наоѓаат во Светото писмо“ (Директориј за народна побожност и литургија, 217).

  1. Ангелите не се нежни херувими што свират на харфа на некој облак – тие се духовни суштества кои се борат за твојата душа

Христос е центар на ангелскиот свет. Ангелите се негови: „Кога Синот човечки ќе дојде во слава, сите негови ангели се со него“ (ККЦ 331). Ангелите се над луѓето и покрај тоа што се испратени да ни служат, тие се постојано во Божјата присутност. Тие имаат многу духовни сили и способности кои ги немаат луѓето. Не замислувајте го вашиот ангел чувар како личност од цртан филм. Тие се со тебе да ве заштитат, бранат и да бдеат над тебе.

„Воодушевени сте од фактот што вашиот ангел чувар толку многу ви помогна. Не би требало, затоа што токму затоа нашиот Господ го стави покрај тебе“ (Свети Хосемарија Ескрива).

Може да го замолите вашиот ангел чувар да ве чува и треба да го правите тоа. Многумина не се свесни за помошта што ја добиваат преку овие духовни суштества. Запомнете, нашиот небесен Отец сака да направи сé за да ни помогне да ја поминеме вечноста во Неговото царство. Затоа, треба да го искористиме сето она што Тој ни го дава за да ги добиеме сите милости потребни за влез во Небото. Нека вашиот ангел чувар ве води сè подлабоко во длабочините на Божјата милост, љубов и добрина.

Божји ангели, драг мој чувар со кои ме поврзува љубовта Божја кон Бога! Тука, секој ден, биди со мене и просветли ме и заштити ме, владеј со мене и води ме. Амин.

Becky Roach | Aleteia |к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот