Свештеничко ракополагање на Марјан Јефтимов

На 12 октомври 2013 година во Јастребарско, за свештеник на Крижевската епархија, Р. Хрватска е ракоположен о. Марјан Јефтимов. Ѓаконско ракополагање прими на 22 септември 2013 година. Отец Марјан Јефтимов, потекнува од струмичкото село Радичево, односно од парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица.

Роден е во Струмица на 25 декември 1984.година, син на Блажо и Аница Јефтимови. Своето основно образование го завршува во Радичево, односно Василево. Образованието го продолжува во семинаријата во Скопје и Задар, Р. Хрватска. Во јануари 2004 година матурира во класичната гимназија во Задар, а потоа служи воен рок во Скопје. Од 2004 до 2010 студира на Филозофско-теолошкиот институт во Загреб. Од 2010 година е на постдипломски студии по Екуменска теологија на Католичкиот богословски факултет на Универзитетот во Загреб. На 11 август 2012 година стапи во брак со Цветанка.

Отец Марјан Јефтимов е именуван за управител на парохиите Сошице и Кашт (Жумберак), Р. Хрватска.

На многаја и благаја лета о. Марјане!

Пишува: Петре Ичев

Категорија: Македонија

За авторот