Свештениците ќе можат да служат повеќе свети Литургии

Свештениците ќе можат да служат повеќе свети Литургии

Конгрегацијата за богослужби и Свети Тајни издаде декрет во среда 16 декември 2020 година со кој свештениците можат да слават четири свети Литургии на празникот Божиќ, празникот Пресвета Богородица и празникот Богојавление.

Со оглед на ситуацијата предизвикана од ширењето на пандемијата ширум светот, се вели во документот, а врз основа на овластувањата што папата Фрањо ги даде на Конгрегацијата, на месниот ординариј му се дава овластување да им дозволат на свештениците да слават до четири свети Литургии на празникот Божиќ, на празникот Богородица и на празникот Богојавление и кога сметаат дека е во корист на верниците, секогаш почитувајќи ги пропишаните норми.

Декретот на 16 декември го потпишаа префектот на Конгрегацијата, кардинал Роберт Сара и секретарот, надбискупот Артур Рош.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот