Свечено прославен празникот Воскресение Христово во Катедралната црква во Струмица

Веста за Воскресението Христово на полноќ во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ ја објавија архиепископот Цирил Васил СЈ, Секретар  на Конгрегацијата за Источни цркви и епископот Киро Стојанов. По завршувањето на Воскресната Утрена во Катедралата се служеше света воскресна Литургија, предводена од архиепископот Цирил Васил СЈ во заедништво со епископот Киро Стојанов и во сослужение на свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија и Скопска бискупија

За време на Литургијата проповедаше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, кој најпрво ја искажа својата радост заради тоа што оваа вечер тука е присутен  архиепископот Цирил Васил СЈ, со неговиот заменик о. Лоренц Лорусо ОП. Во продолжение на својата проповед епископот Стојанов збоуваше за воскресниот настан и неговото значење за христијанскиот живот.

На крајот од Литургијата на верниците им се обрати архиепископот Васил честитајќи го празникот на Воскресението  Христово.

За време на Литургијата пееше Катедралниот хор под водство на сестра Тереза Стојкова.

к.мк/го*ко

Фотографија: Струмица.нет

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот