Светски ден на млади – можност за преобраќање

Рим, 5.7.2013 /к.мк/ – Група од 22 студенти, придружувани од двајца професори од универзитет во Рим отпатуваа за Рио за да ги започнат подготовките за Светскиот ден на млади.

„На универзитетот одлучивме дека ќе бидеме во служба на Црквата преку помагање во прес центарот за овој настан“ истакна за ЕВТН Даниел Арс, декан на студии за комуникации на Папскиот универзитет Светиот Крст. „Ќе помагаме каде има потреба, ќе бидеме волонтери. Но, нашите студенти се подготвени да помагаат најмногу во прес центарот.“

Тој нагласи дека неговите студенти, кој ќе престојуваат месец дена во Рио, се подготвени за работа, а доаѓаат од различни делови на светот.

Арс појасни дека студентите доаѓаат од Индија, Филипини, Конго, Бурундија, Хрватска, Италија и Шпанија. Некои од нив ќе преведуват за настаните кои ќе се одржуваат за време на Светскиот ден на млади, од 23 до 28 јули. „Ги имаат потребните знаења за медиумите и за науката на Црквата“, порача Арс.

Корине Манела, кој неодамна дипломира на универзитетот Светиот Крст, исто така патува во Рио на 15 јули.

„Овогодинешниот Светски ден на млади ќе биде поинаков бидејќи се одржува во Јужна Америка и е прв на кој ќе учествува папата Фрањо. Поради тоа сигурно ќе биде неверојатно искуство“, истакна Корине. Таа ќе волонтира како водич за „Младите од Европа“, организација која работи со млади на кои им помага како да се борат против сегашниот негативен социјален и општествен феномен. „За мене Светскиот ден на млади е посебно место, затоа што примив посебна милост во Торонто, рече Корине додавајќи: „Ја примив благодатта на вера, дека католичката вера е вистинската вера.“

Корине нагласи дека заминала од тој Светскиот ден на млади„знаејќи дека тоа е вистината“ иако не знаејќи зошто на нејзе и оставил впечаток да чезнеење за да го открие одговорот.

„Прв пат таму видов млади католици во жар за својата вера и тоа ме воодушеви, порача.

„Им помагам на луѓето да го доживеат тоа што јас го искусив. Многу примив од Светскиот ден на млади и тоа сакам да го возвратам. „Дефинитивно тоа беше моето преобраќање“, рече Корине Манела. (Д.И.)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<