Светскиот Ден на младите во Рио руши рекорди

Рио де Жанеиро, 25.7.2013 /к.мк/ – Светскиот Ден на млади кој се одржува овие денови во Рио, би можел да собере рекорден број на поклоници. Според официјалните податоци во овој момент во Рио се наоѓаат повеќе од 350 илјади млади, а се очекува бројот на млади за време на завршната церемонија да се дуплира; посебно на самиот ден на затворање на СДМ кога не е потребна регистрација. Според некои предвидувања околу два милиони млади би можеле  да присуствуваат на големото славење со Светиот Отец, јавува Ром Репортс.

Според податоците на бразилската управа за цивилно воздухопловство, околу 70 илјади поклоненици секојдневно слетуваат на аеродромот во Рио. На патот до Бразил се наоѓаат млади католици од 190 земји, меѓу кои најбројни се младите од Бразил, потоа следуваат младите од Аргентина, САД, Чиле, Италија, Венецуела, Франција, Парагвај, Перу и Мексико.

Преку 200 илјади регистрирани млади Бразилци моментално се наоѓаат во главниот град на земјата домаќин на СДМ. Од Аргентина, татковината на Папата веќе се пристигнати 20 илјади млади, 11 илјади од САД, 9.100 од Чиле, што претставува најголем број на учесници од овие земји од 2000 година.

На папата Фрањо во текот на неговиот прв СДМ ќе му се придружат 28 кардинали и 600 епископи. Парохиите, салите и аудиториумите за неколку дена ќе бидат клучните одредишта во кои повеќе од 250 епископи ќе имаат катехези. Катехезите ќе се одржат на 26 јазици и на повеќе од 270 локации.

Бројот на регистрираните новинари, исто така, ги помина сите очекувања. Акредитирани се повеќе од 5000 новинари, што претставува поголем број од последниот СДМ во Мадрид. (В.Н.)

 

Категорија: Ватикан, Свет

За авторот

Write a Comment

<