Светска средба за семејствата – дар за Црквата веќе 25 години

Светска средба за семејствата – дар за Црквата веќе 25 години

Даблин е градот кој папата Фрањо го избра за следната Светска средба на семејствата која ќе се одржи од 21 до 26 август на тема „Евангелието за семејството – радост за светот.“

Тој важен меѓународен настан ги собира семејствата од целиот свет за да слават заедно, да се молат, да размислуваат за важноста на бракот како темел на нашиот живот, на општеството и Црквата.

Средбата во Даблин, Ирска ќе биде деветата Светска средба на семејства, речиси 25 години после првата, одржана на поттик од свети Иван Павле II во Рим. Тие се средби кои низ времето се одржани во присуство на тројца папи: Карол Војтила, Бенедикт XVI и папата Фрањо.

Беше недела, 6 јуни 1993 година, плоштадот Свети Петар беше исполнет со семејства од Движењето на фоколарите по повод Family Fest. Свети Иван Павле II кој ја служеше завршната света Литургија за тој настан ја искористи таа прилика и ја објави важната вест. Истовремено со Меѓународната година на семејството, која Организацијата на Обединетите нации ја одреди 1994 година и Католичката Црква ќе слави Година на семејството. Центарот на тие 12 месеци ќе биде Светската средба за семејства која ќе се одржи во Рим на 8 и 9 септември 1994 година, на тема „Семејството – срцето на цивилизацијата љубовта“ – рече тогаш свети Иван Павле II.

Пророчката замисла на свети Иван Павле II

Како и Светскиот ден на млади и средбите на семејствата се создадоа од пророчката интуиција на Карол Војтила, станаа дар за Црквата и се развиваат збогатувајќи се со новите понтификати. Вклучувајќи го и Даблин средбите на семејствата до сега се одржале во 6 градови – во Рим два пати, потоа во Рио де Жанеиро, Манила, Валенсија, Мексико, Милано и Филаделфија односно на три континенти. (…)

Од Рио де Жанеиро до Манила

Три години после првата средба, свети Иван Павле II ги повикува семејствата од целиот свет во Бразил, во Рио де Жанеиро каде средбата се одржа на 4 и 5 октомври 1997 година, на тема „Семејството – дар и обврска, надеж за човештвото.“ А подоцна следните три години средбата во Рим е одржана во посебна рамка за Јубилејот 2000 години и беше посветена на децата „пролетта на семејствата и општеството.“ Во таа прилика свети Иван Павле II поголемиот дел од своите катехези ги посвети на кризата во семејствата.

Пред бројните уништени семејствата – рече Папата на плоштадот Свети Петар на 14 октомври 2000 година – Црквата се чувствува повикана, не да изрази строг и рамнодушен суд, туку да го внесе во раните на бројните човечки драми светлината на Божјото Слово, придружено со сведоштвото за неговото милосрдие. Во јануари 2003 година Светската средба на семејствата прв пат се одржа во Азија во Манила. Во центарот на таа средба беше темата „Христијанското семејство, добрата веста за третиот милениум.“ Папата свети Иван Павле II не беше присутен на средбата, но се обрати до учесниците преку телевизијата. Семејството засновано на бракот, е наследството на човештвото; таа е доста добра вест за мажите и жените од нашето време – истакна тогаш папата Војтила.

Пренесувањето на верата на средбите со Бенедикт XVI

Во пладневниот наговор, ден после завршувањето на средбата во Манила, свети Иван Павле II најави дека следната Светска средба на семејства ќе се одржи во Валенсија. Но, на таа средба отиде неговиот наследник Бенедикт XVI кој во центарот на вниманието ја стави темата пренесувањето на верата. Верата – според неговите зборови – се учи дома, таму и расте и се зајакнува преку молитвата и христијанската пракса.

Шестата Светска средба на семејствата ќе се одржи во јануари 2009 година во Мексико, главниот мексикански град. Како што веќе папата Војтила направи во Манила и папата Бенедикт XVI преку телевизија се поврза со учесниците на средбата. Зборуваше за семејства кои воспитуваат за човечките и христијанските вредности и предупреди на лажниот поим слобода, и на субјективните побуди на поединци кои ја загрозуваат неразрешливоста на бракот.

Следната средба повторно ќе се одржи во Европа во Милано, а темата е „Семејството, работата и празникот.“ Многу се значајни тие зборови кои Бенедикт XVI ги посвети на семејствата кои страдаат заради разводите. Мислам дека е важна задача на парохиите, католичките заедници навистина да направат сѐ што е можно за тие да почуствуваат дека се сакани и прифатени – рече папата Бенедикт XVI на 3 јуни 2012 година.

Плод од синодата за семејството; средбите со папата Фрањо

Со папата Фрањо светските средби на семејствата целосно се вклучени во синодското одење кој Папата го зацрта со цел обновен пасторал со семејствата. Средбата одржана во Филаделфија во септември 2015 година следуваше после вонредната синода во 2014 година посветена на семејството и одржана еден месец пред редовната синода на тема „Повикот и посланието на семејствата во Црквата и во современиот свет.“ Во тој американски град семејствата од целиот свет разговараа за љубовта како послание кое на семејството животот му го прави во полнота.

Во Филаделфија папата Фрањо истакна дека Божјиот сон продолжува да се остварува во соништата на бројни парови кои имаат храброст од својот живот да создадат семејство. Не пропушти да ги истакне бројните предизвици и проблемите со кои семејствата денес мора да се соочуваат, и позитивно го оцени придонесот кој семејството може да го даде на Црквата и општеството. Освен тоа ги поттикна семејствата да помогнат на Црквата за и понатаму да биде „пророштво“ за ранетиот човечки род, пророштво за мирот, нежноста и љубовта. Токму радоста на семејната љубов е во центарот на светската средба во Даблин која како што се надева папата Фрањо – ќе биде прилика за потемелно размислување и размена на мислења за содржината на апостолскиот поттик „Amoris laetitia“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот