Светна Крстот во Чанаклија

Чанаклија, 20.4.2013 /к.мк/ – На 19 април 2013 година филијалната црква Свети великомаченик Георги во Чанаклија на камбанаријата е поставен нов крст. Средствата за крстот се обезбедени преку личен самопридонес на верниците на месната црква, а го изработи и монтира фирмата „Металомонт“ од Струмица.

На истиот ден во црквата се молеше Крстен пат од благодарност на Господ, а потоа верниците останаа во заедништво додека падна ноќта, кога крстот светна.

Со поставувањето на крстот црквата во Чанаклија доби нов и поубав изглед, посебно во ноќно време кога Крстот свети и се гледа оддалеку.

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<