Свети Јосиф ќе се спомнува во Евхаристиската молитва

Ватикан, 19.6.2013 /к.мк/ – Во иднина свети Јосиф ќе се спомнува во II, III и IV евхаристиска молитва во Римскиот Мисал (Missale Romanum). Ова го објави во среда 19 јуни Конгрегацијата за свети Тајни и богослужби. Конгрегацијата ќе се погржи за преводите на повеќето европски јазици. Декретот насловен како „Татковска грижа“ (Paternas vices) е потпишан од страна на папата Фрањо на 1 мај, ден кога Црквата го слави свети Јосиф, работник. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<