Свети Стефан Првомаченик

Свети Стефан Првомаченик

Да простуваме и да се молиме за оние кои не навредуваат.

Стефан бил првиот кој го дал животот и крвта за Исус Христос. По раѓање Евреин, и преобратен во христијанската вера преку проповедта на свети Петар, веднаш покажал голема ревност за Божјата слава и голема мудрост во побивањето на Евреите, кои со неверување го презирале Назареецот.

Од apостолите бил избран прв од седумте ѓакони за извршување на потребите на првите верници, особено на вдовиците и сираците за кои Црквата секогаш имала посебна грижа.

А свети Стефан полн со благодат и цврстина, исоплнет од Светиот Дух проповедал и ја потврдувал проповедта со чуда.

Поради тоа бил мразен од Евреите кои не можеле да поднесат таква ревност, ниту да му одолеат на неговата мудрост, делотворна со многубројни преобраќања.

Тие прво сакале да расправаат со Стефан, но кога виделе дека се победени од Светиот Дух кој зборувал преку неговата уста, барале лажни сведоци да го обвинат за богохулење против Мојсеј и против Бога. Сепак, Бог сакаше да ја покаже невиноста на својот слуга со што направил да се покаже неговото лице убаво како на Ангел.

Откако ги прочитал обвинувањата, првосвештеникот Кајафа му рекол да се брани, а тој бранејќи ја христијанската вера, им ја претставил добрината и милосрдието на Господ кон еврејскиот народ, почнувајќи од Авраам па сѐ до Давид.

Ако од една страна ги покажал придобивките кои Господ му ги дал на јудејскиот народ, од друга страна ги потсетил за навредите на Бога од нивните татковци. Но бидејќи овие зборови не оставиле никаков впечаток на овие стврднати срца, полни со злоба, веднаш променувајќи го тонот рекол: „Тврдоглави и необрезени по срцето и ушите! Вие секогаш Му се противевте на Светиот Дух – како татковците ваши, така и вие“. Кога го слушнале ова, срцата им се кинеа од јад и со забите крцкаа против него. Но тој исполнет со Дух Свети, погледнал кон небото и извикал: „Еве, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки како стои од десната страна на Бога“.

Овие, извикувајќи со висок глас, ги затвориле ушите свои и едносушно се нафрлиле на него, и изведувајќи го надвор од градот, почнале да фрлаат камења на него, оставајќи ги неговите алишта пред нозете на едно момче по име Савле.

И го камнуваа Стефан кој се молеше велејќи: „Господи Исусе, прими го мојот дух“, и со висок глас извикал: „Господи, не земај им го ова за грев“. Откако го рекол ова се упокоил во Господ.

МОЛИТВА: Дај ни, ти се молиме Господи, да го имитираме оној што го чествуваме, да научиме да ги љубиме исто така и нашите непријатели, бидејќи го славиме празникот на оној кој знаеше да се моли за прогонителите на нашиот Господ Исус Христос твојот Син кој живее со тебе во вечните векови.

СветецНаДенот/З.А.

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот