Свети Максимилијан Колбе

На 14 август се слави празникот на свети Максимилијан Колбе, прогласен за свет на 10 октомври 1982 година од папата Иван Павле II. Во раното детство Пресвета Богородица му се објавила со два венци во рацете: бел и црвен. Го прашала кој го сака. Ги избрал двата – чистота и мачеништво.

Максимилијан Колбе (Рајмонд) е роден во Здунавска Вола, Полска во 1894 година, во сиромашно работничко семејство. Имал четири браќа од кои двајца станале монаси фрањевци конвентуалци. Исто така и родителите отишле во манастир, но неговиот татко не можел да се навикне и отишол меѓу доброволците за ослободување на Полска од рускиот јарем. (…)

Како дете Максимилијан бил многу талентиран и побожен. Во раното детство му се објавила Пресвета Богородица со два венци во рацете: бел и црвен. Го прашала кој го сака. Ги избрал двата – чистота и мачеништво. На 13 – годишна возраст влегол во семинарија. На студии во Рим бил пратен во 1912 година на 24 години од неговиот живот и веќе бил дотор по филозофија и теологија.

Во Рим во тоа време биле организирани антикатолички масонски манифестации, кои го загрижувале Максимилијан. Затоа ја организирал католичката маријанска организација „Војска на Непорочната“, со цел да се промовираат католичките вредности, особено почитувањето на Пресвета Дева Марија. Имал план да користи медиуми, да печати весници, да основа радио станица.

Во Полска се вратил во 1919 година. Во Ниепокаланов – „Град на Непорочната“ во близина на Варшава изградил манастир во 1927 година, и за десет години во него имало 800 монаси. Манастирот имал печатарско-издавачка мисија со најмодерни машини. Максимилијан изградил и сопствена железничка станица и го споил Ниепокаланов со главната варшавска железничка пруга, изградил радио-станица, градел писта и хангари за четири авиони, започнал да основа католичка филмска куќа.

Тој основал филијала во Јапонија во градот Нагасаки. Тој таму отишол со четворица монаи без пари, без знаење на јапонскиот јазик, но успеал да отвори печатница и издавал католички весник. Имал имот надвор од градот, така што атомската бомба, која паднала во Нагасаки во 1945 година, не го уништила имотот. Максимилијан планирал своите активности да ги прошири во Индија и Полинезија и во Бејрут – Либан, за да печати весници на турски, персиски, арапски и еврејски јазик. Се вратил во Полска во веќе распламнатата Втора светска војна. Нацистите првиот пат на 9 септември со монасите од Ниепокаланов го одвеле во логорот Амтиц. Го отпуштиле на 8 декември на празникот „Безгрешно зачнување“.

Максимилијан продолжил да печати на германски јазик. Кога во еден број напишал: „Никој на светот не може да ја промени вистината“, нацистите го уапсиле и го одвеле на 10 февруари 1941 година во варшавскиот затвор Павиjак, каде што бил малтретиран и мачен. Од таму го транспортирале во логорот Аушвиц. Кон крајот на јули во 1941 година, во блокот каде што се наоѓал и свeti Максимилијан, еден полски затвореник успеал да побегне. Заради тоа десет други затвореници биле осудени на ужасна смрт во бункерот на гладта. Еден од нив бил полски офицер Фрањо Гајовничек, татко на семејство. Од редовите на построените затвореници излегол о. Колбе и се понудил за замена на несреќниот татко на семејството. Командантот го прашал: „Кој си ти?“ – Одговорот гласел: „Католички свештеник!“ Размената била прифатена и о. Колбе, маченик за верата и љубовта кон ближниот, тргнал со останатите осудени во бункерот на гладта. Од инекција со карболна киселина тој починал на 14 август 1941 година, во предвечерието на празникот Успение на Пресвета Богородица.

Лаудато/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Сведоштва

За авторот