Свети Максимилијан Колбе, маченик во Аушвиц

Свети Максимилијан Колбе, маченик во Аушвиц

Полјакот Максимилијан Колбе, влегол во фрањевската монашка заедница извршувајќи интензивен мисионерски апостолат во Европа и Азија. Во 1941 година бил депортиран во Аушвиц каде бил поставен да ги врши најпонижувачките работи, како пренесувач на мртвите тела во крематориумот. Таму го понудил својот свештенички живот во замена на еден татко на едно семејство, негов другар од затворот. Починал рецитирајќи ја молитвата „Радувај се Маријо“ на 14 август после двонеделна тортура.

Не е првиот, но е меѓу првите кој бил беатифициран, а потоа и канонизиран помеѓу жртвите од концентрационите логори на нацистите. Иван Павле II рекол дека со неговото мачеништво тој ја донел „победата преку љубовта и верата, во едно место каде што е изградено за да се негира верата во Бога и во човекот“. А во хомилијата од канонизацијата објасни: „Максимилијан не почина, туку го даде животот… за братот“. Од човечка гледна точка оваа смрт е страшна, но од човечко дело и од човечки избор била дефинитивно величевствна: тој спонтано себе си се понудил во смрт од љубов. И во оваа негова човечка смрт се состоело транспарентното сведоштво за Христос: сведоштвото во Христос за достоинството на човекот, за светоста на неговиот живот и за спасителната моќ на смртта, во која се манифестира силата на љубовта“.

Максимилијан Колбе е роден на 7 јануари 1894 година во Здунавска Вола, од ревни христијани; неговото крштелно име е Рајмонд. Татко му Јулиј, кој работел со текстил, бил патриот кој не ја поднесувал тогашната поделбата на Полска на три дела: доминантниот дел на Русија, Германија и Австрија. Од пет деца, останале само три живи: Франциск, Рајмонд и Јосиф. Поради ограничените финансиски ресурси само најстариот можел да оди на училиште, додека Рајмонд се обидувал да научи нешто од свештеникот, а потоа и од фармацевтот од ова место. Во регион Лавов, кога се стабилизирале фрањевците, запознавајќи го Колбе, им предложиле на родителите да ги примат во нивниот манастир постарите двајца браќа, а тие свесни дека во рускиот регион каде што живееле не би можеле да им обезбедат научно и христијанско образование на сопствените деца, прифатиле. Слободни од грижата за своите деца, на 9 јули 1908 година одлучиле и тие самите да влезат во манастирот (…). Исто така и третиот син Јосиф по извесно време од бенедиктинскиот ред, влегол помеѓу фрањевците.

Рајмонд примајќи го името Максимилијан, бил испратен во Рим, каде што останал 6 години, дипломирајќи филозофија на „Универзитетот Грегоријана“, а теологија во Колегиумот Серафико, и бил ракоположен за свештеник на 28 април 1918 година. Во овој период под влијание на модернизмот и предвесниците на тоталитаризмот, кои завземаа големи чекори, додека Европа се спремаше за еден светски конфликт, Маскимилијан Колбе кој сѐ уште не бил свештеник, со дозвола од претпоставените ја основал „Милицијата на Безгрешната“, религиозно здружение за преобраќање на сите луѓе со посредништво на Марија. Откако се вратил во Полска, иако дипломиран со највисок успех, но поради лошото здравје, практички бил бескорисен во научувањето или во проповедувањето, не можејќи да зборува подолго време; за кое со дозвола од претпоставените и од бискупот, се посветил на Маријанската побожност, „Милиција на Безгрешната“, собирајќи бројни контакти помеѓу монасите од неговата заедница, професори и студенти од факултетот, од професионалци до земјоделци.

Наизменичните периоди на одмор заради туберкулозата која се зголемувала таму, отец Колбе во Краков околу Божиќ во 1921 година основал весник од неколку страници „Витез на Безгрешната“ за да го поттикне духот и ширењето на „Милицијата“. Во Гродно, на 600 километри од Краков, каде што бил префрлен, со стари машини, направил работилница за печатење весник, каде што привлекол многу млади луѓе, желни да го споделат оној фрањевски начин на живот, а со време и тиражот сѐ повеќе и повеќе се зголемувал. Во Варшава со донација на едно земјиште од страна на грофот Лубецки, тој го основал „Ниепокаланов“, ‘Марииниот Град’. (…) Со неговата горлива желба да го прошири своето Мариино движење надвор од границите на Полска, секогаш со дозвола од неговите претпоставени, отишол во Јапонија, каде што после првичните несигурности, го основал „Марииниот Град“ во Нагасаки. На 24 мај 1930 година имал веќе печатница и тогаш биле испратени првите десет илјади примероци од „Витезот“ на јапонски јазик. Во овој град, после експлозијата на атмоската бомба, се засолнувале сираците од Нагасаки. Соработувајќи со евреите, протестантите и будистите бил во истражување на постоечката вистината во секоја религија. Исто така отворил куќа и во Ернакулам во Индија на Западниот брег. За да би можел да се лекува од болеста, бил повикан назад во Полска во Ниепокаланов, кој меѓувреме станал вистински развиен град занимавајќи се најмногу со печатењето на различни списанија, сите со голем тираж, со 762 монаси и исто така со 127 семинаристи.

На прагот од Втората светска војна Максимилијан Колбе го предвидуваше својот крај. Всушност, по инвазијата на 1 септември 1939 година, нацистите наредиле да се распушти Ниепокаланов, а тој на сите монаси кои тргнале распространувајќи се низ светот им препорачал: „Не заборавајте ја љубовта“. Таму останале околу 40 монаси, кои ‘Градот’ го претворил во прифатилиште за ранетите, болните и бегалците. На 19 септември 1939 годинаГ ерманците заедно со другите монаси го однеле отец Колбе во концентрационен логор, од каде неочекувано биле ослободени на 8 декември, и се вратиле во Ниепокаланов, продолжувајќи ја нивната активност во помагање на околу 3.500 бегалци од кои 1.500 биле Евреи. Но тоа траело само неколку месеци, бидејќи бегалците биле заробени како и самиот Колбе, кој одбил да земе германско државјанство за да се спаси, и поради потеклото на неговото презиме, на 17 февруари 1941 година заедно со четири монаси, бил затворен. Откако бил многу малтретиран од страна на затворските стражари, облекол цивилна облека, бидејќи фрањеваската облека нив многу ги лутело. На 28 мај бил преместен во Аушвиц. Бил ставен заедно со Евреите бидејќи бил свештеник, го носел бројот 16670 и бил поставен на најпонижувачката работа како пренесувач на мртвите тела во крематориумот.

Неговото достоинство како свештеник и праведен човек го издигнуваше помеѓу затворениците, изјавил еден сведок: „Колбе беше еден принц помеѓу нас“. На крајот од јули бил преместен во блокот 14, каде што затворениците биле задолжени за жетвата по полињата; еден од нив успеал да избега и според законот на логорот, десет затвореници биле осудени да одат во бункерот на смртта. Отец Колбе се понудил во замена на еден од нив, татко на едно семејство, негов другар од затворот. Очајот кој бил присутен кај овие бедни несреќници, се препуштиле на заедничка молитва, предводена од отец Колбе. Тие умираат еден по еден и нивните молитвени гласови се сведеле во шепот; по 14 дена не биле сите мртви. Останале уште четири, меѓу кои и о. Максимилијан и за да не се одолговлекува, окупаторите одлучиле да го забрзат крајот ставајќи им инекци со ацидо фенол. Фрањевскиот доброволен маченик, ги испружил рацете молејќи „Радувај се Маријо“, и тие биле неговите последни зборови, на 14 август 1941 година. Неговите пепелосани мошти се помешале со оние на другите осуденици, во крематориумот. На тој начин заврши животот овде на земјата на еден од најславните личности од фрањевската монашка заедница од Црквата во Полска. Неговото брилијантно мачеништво му отвори пат за беатификација, која се одржа на 17 октомври 1971 година од страна на папата Павле VI. За светец беше канонизиран на 10 октомври 1982 година од папата Иван Псвле II, неговиот сограѓанин.

Фамилија Христиана/З.А

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот