Свети Лука, Евангелист

Свети Лука бил Сириец, според Евзевиј по потекло од Антиохија. Потекнува од поганска, а не од еврејска средина. За тоа сведочи свети Иренеј, Тертулијан, Оригон, а посредно и самиот свети Павле кој не го става меѓу оние кои потекнуваат од обрезаните. Според Мураториевиот канон не го видел, ниту го следел Исуса, за време на неговиот живот на земјата. Посланијата на свети Павле и Делата на светите Апостоли покажуваат дека бил придружник и ученик на свети Павле. Со свети Павле го среќаваме прв пат на второто мисионерско мисијско патување на апсотолот, од Троада до Филипи. Постои можност во Филипи да останал до 57-та година утврдувјќи го овде мисонерското дело на апостол Павле. Во пролетта 58 година го среќаваме повторно во истиот  град со свети Павле, кој го следи на неговото враќање во Ерусалим. Овде веднаш воспоставува врска со апостол Јаков. Таму исто така имал можност да сретне барем некои од оние жени што само тој од евангелистите ги спомнува во своето евангелие. Можно е да ги сретнал и „Служители на Словото“ кои се еден од изворите на неговите евангелски дела.

Во предговорот на своето Евангелие самиот пишува: Бидејќи мнозина почнаа да пишуваат за настаните, што се случија меѓу нас, како што ни ги предадоа оние, кои уште од почетокот беа очевидци и служители на словото, намислив и јас, откако испитав сè од почетокот, да ти опишам точно по ред, честити Теофиле,

за да ја разбереш основата на учењето, на кое си се учел (Лука 1,1-4)

Свети Лука го придружува свети Павле на неговото патување во Рим, а за тоа ни остава прекрасен дневник за тоа патување, кое е опишано во Делата на светите. Со апостолот на народите бил и за време на неговото прво затвореништво во Рим, а исто така и за време на второто затвореништво кога сите го оставиле. Апостолот со тага му пишува на Тимотеј: „Само Лука е со мене” (2 Тимотеј 4, 10).

Лука во Рим, најверојатно се сретнува и со Петар и со Марко, но врз него сепак најголемо влијание имал Павле. За животот на свети Лукаа не знаме ништо за времето после смртта на свети Павле. Свети Епифаниј го направил апостол на Далмација, Италија и Македонија; свети Гргур Назијански го направил евангелизатор на Ахаја, Метафраст, Египет и Теваида но сето тоа историски не е докажано.

Источната хагиографија, која се темели на еден антимарционистички спис, наречен Пролог, а кој го следи и свети Павлин од Нола за свети Лука говори дека живеел 84 години, додека пак латинскиот Пролог додава дека живеел во целибат, а еден друг документ кој го следат и некои угледни автори како свети Изидор Севилски и свети Беда Часни, говорат дека свети Лука живеел 74 години. Не е сигурно местото на неговата смрт, као и начинот на смртта. Едни мислат дека умрел од природна смрт, додека други пак застапуваат дека умира меченички. Црквата га слави како маченик.

Еден анонимен византиски писател од 11 век светиот евангелист Лука, придружник на свети Павле го опишува на следниот начин: „Откако свети Павле оставајќи ја темнината на заблудата се присоедини на Божјата љубов, се придружи на учениците, Лука го придружава на секаде и му станува сопатник и сотрудник. Со желба да се бори за Божјата љубов се придружува на неговата војска. Со Павле како заточеник оди до крајот на светот и ја шири Божјата наука. Тој така цврсто се приврзува со него, така му е близок и ги дели со него сите благодатти, па затоа Павле пишувајќи до верниците го нарекува свој најмил. После Ерусалим и неговите предели сé до Илирија со него го проповеда Евангелието. После Јудеја сé до Рим ги дели со него истите окови, истите напори, истите маки, истите бродоломи. Со него сакал да ја прими истата круна како што ги делел истите напори.

Откако со Павле добил талент за проповедување, придобил и довел до Божјата љубов многу народи, Лука како евангелист го раскажува навестувањето на архангел Гаврил на света Богородица и ја објавува радоста на целиот свет. Тој така јасно го опишува Христовото раѓање: ни го покажува Богомладенецот како лежи во јаслите и ги  пишува пастирите и ангелите кои ја навестуваат радоста. Тој придонел да ги запознаеме чудата што надминуваат сé она што може да се замисли и тоа со таква љубов кон вистината која е изразена преку убавината на зборовите. Тој нѐ поучува преку параболите, изнесувајќи ги во поголем број за разлика од останатите евангелисти. И како што ни го опишува Слегувањето на Словото на земјата, исто така ни го опишува и Вознесување на небото, враќање на Престолот на Отецот…

Но кај Лука благодатта не се ограничува само на тоа. Неговиот јазик не се ограничува само во служба на евангелието. После свршувањето на Христовите чуда тој ги опишува и Делата на светите Апостоли; Божјото спасително Вознесение на небото; потоа слегнувањето на Светиот Дух Свети врз апостолите во облик на огнени јазици; потоа каменувањето на Стефан; преобраќањето на Павле; неговиот повик и неговиот премин од слово во Дух, неговото затворање, удари, камшици, разните замки што му ги поставувале поганите, неговото патување од Ерусалим во Рим, неговите напори на морето, неговите страданија, бродоломи. Лука не е само очевидец на сето тоа туку и вистински соучесник. И затоа вложува толку грижи за не поучи во сѐ.

Иако не бил очевидец на случувањата што ги опишува во Евангелието, бил достоен и верен служител на евангелската порака. Затоа Црквата со благодорност го слави како евангелист, еден од четворицата, кои по Божјо вдахновение ја напиша најдрагоцената порака.

Превод: Сестри Евхаристинки – Гевгелија

 

Категорија: духовнитекстови

За авторот