Свети Лав Велики, Папа и црковен научител (+ 461)

Лав e првиoт папа на кого историјата му го дава наслов „Велик“. Роден е кон крајот на 4 век. Во своeто детство и младост добива извонредно воспитување и образование. Бил одличен познавач на римската книжевност, говорништво, теологија и други науки. Папа станува 440 година наследувајќи го Сикст III во многу тешко време кога Црквата е напаѓана со ереси од внатре, и со напади на варварите од надвор. Тоа е за време на преселбите на народите. Папата Лав во историјата е познат по своите чудесни и драматични средби со Атила, војсководачот на Хуните, кој што успеал да ги сопре нападите врз Рим. Имал високо мислење за својата папска служба и одговорност. Кога на Калцедонскиот собор 451 година го упатил своето послание, присутните со воодушевување изјавиле дека преку устата на Лав проговорил самиот свети Петар.

Папата Лав Велики умрел на 10. ноември 461 година, вршејќи ја папската служба 21 година.

Превод: Сестри Евхаристинки – Гевгелија

Категорија: духовнитекстови

За авторот