Свети Климент I, папа Римски

Свети Климент I, папа Римски

Од свeти Климент ни останало пред сѐ едно значајно послание пратено до Коринтјаните, кое почнува со зборовите: „Божјата Црква која пребива во Рим, до Црквата Божја што пребива во Коринт…“ Тоа беше прв пат еден бискуп на еден град да се грижи за околностите на друга христијанска заедница, што сведочи за приматот на Римскиот бискуп , Петровиот наследник, над другите епископи.

Свети Климент I, роден е во првиот век во Рим. После папата Лин и папата Анаклет, папата Климент бил наследник на свети Петар. Климент стана поглавар на Црквата откако починал папата Анаклет за време на прогонствата на императорот Трајан.

Значи, по ред бил четврти папа. Го познавал свети Петар и апостол Павле. Црковниот писател Тертулијан (3 век) тврди дека апостолот Петар го подготвувал за папската служба, но Климент во својата скромност ја препуштил на други.

Во Православната и Католичката Црква се слави како светец. За време на Климент христијанството значително се проширило на Исток.

Особено важна е реакцијата на Климент за време на бунтот во Коринт, заради кое Климент ги повикал на послушност, со кое практички било воведено правилото за приматот на римскиот бискуп над другите цркви. Од неговите пишани дела познато е Посланието до Коринтјаните, додека му се препишуваат и многу други дела.

За време на Климентовиот понтификат беснеело прогонството на христијаните. Така и тој станал жртва на прогонителите. За неговото мачеништво се зборува во апокрифните списи, кои во збирката „Patres apostolici (Апостолски Отци)“ во 1724 година ги објави Котелие. Таму во изобилни детали зборува за тоа како Климент ја преобратил Теодора, жената на Сисиниј, Нервин, неговиот дворјанин, а потоа и самиот Сисиниј и уште 423 луѓе на повисока позиција. Царот Нерва затоа го протерал папата на Крим, во огнените рудници на покраината Херсонез, заедно со илјадници христијани кои биле сведени на непријатните услови на ропството. За време на заробеништвото, се издвојувал со нежност и покажувал христијанска толеранција, каде што Климент извршил многу чуда, а многумина таму се преобратиле во христијанството и изградиле 75 цркви.

Се зборува дека трогнат од жедта која ги мачела неговите браќа, направил од земјата да потече извор на свежа вода. Тоа уште повеќе го разгневило новиот цар Трајан, кој наредил Климент да се фрли во морето со сидро врзан околу вратот. Од тогаш морето постепено се повлекувало, додека на чудесен начин не се открило светилиштето, со коските на светецот. Оваа легенда веројатно била веќе позната во 4. век, а со сигурност во 6. век.

Свети Кирил и Методиј околу 868 година на Крим наидуваат на гробницата со коските и сидрото и се проширил глас дека станува збор за остатоците на Климент. Кирил коските ги пренел во Рим, а папата Адријан II ги положил заедно со коските на Игнатиј Антиохијски под главниот олтар на базиликата посветена во негова чест во Рим. Дел од легендата која зборува за пренесувањето на коските веројатно е автентичен. Исто така според легендата за базиликата свети Климент е изградена врз темелите на куќата од неговото семејство, три века после неговата смрт.

Руфин бил прв (околу 400 г.) кој го спомнува Климент како маченик. Папата Зосим во едно писмо до африканските бискупи, во 417 година, споменува за процесот и делумното ослободување од вината на еретикот Целестиј, кој се одвивал во базиликата св.етиКлимент. Папата вели дека ја избрал оваа базилика токму затоа што Климент го дал својот живот за вистинската вера.

Од свети Климент ни останало пред сѐ едно значајно послание пратено до Коринтјаните, кое почнува со зборовите: „Божјата Црква која пребива во Рим, до Црквата Божја што пребива во Коринт…“ Тоа беше прв пат еден бискуп на еден град да се грижи за околностите на друга христијанска заедница, што сведочи за приматот на Римскиот бискуп , Петровиот наследник, над другите епископи.

Римската мартирологија го претставува под името „папа свети Климент I., маченик“, со датумот 23 ноември, а станува збор за денот, кога неговите останки биле погребани во Рим.

Битно нет/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот