Свети Евангелист Лука

Свети Евангелист Лука

Денес е празник на Светиот Евангелист Лука. Неговото Евангелие е наречено Евангелие на кроткоста, бидејќи на посебен начин го покажува милосрдното и кротко лице Исусово. Особено тоа го покажува за заедниците преобратени од свети Павле, како што е Лука или поголем дел од нас, кои потекнуваат од паганството.

Христос нѐ повикува на една тешка мисија подложена на прогонства, слична на неговата. Затоа што Царството Божјо не е од овој свет, но живее и се шири во него. Царството Божјо има поинаква логика. Една логика која, сепак, може да се овоплоти во светот. На тој начин како што се случило овоплотувањето на Божјиот Син.

Исто така свети Лука е оригинален затоа што произнесува нови детали во однос на другите евангелисти, како што е „Величањето“ Мариино. Марија оваа химна ја присвојува за своја затоа што се чувствува почестена од звањето кое Господ нејзе ѝ го доверил: биде мајка на неговиот Син Исус.

Исто така и таа е во средината на крволочните „волци“ од овој период, кои веќе ја бараат главата на новороденчето. Затоа Исус го избира патот на сиромаштвото и на понизноста за да му зборува на секој кој се чувствува кроток и кој има потреба од Божествената помош, кој во Неа на сите им го нуди спасението.

Неопходна е една молитва токму преку посредувањето на свети Лука:

Господ да ни даде едно кротко и послушно срце за неговата волја да се овоплоти во нашиот понизен живот. Сѐ со цел исто така и ние, како и свети Лука, да можеме да го насликаме лицето на Марија, девицата која одлучно рекла „Да“. Ако не на платно, барем во нашиот живот. Амин.

Мисли и беседи/З.А.

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот