Свети Винко Паулски

Свети Винко Паулски

Споменден на свети Винко Паулски, свештеник, кој полн со свештенички дух, во Париз се посветил да се грижи за сиромашните, препознавајќи го во секое страдално лице она на својот Господ и ја основал, заедно со света Луиза де Маријак, Конгрегацијата на Ќерките на христијанската љубов, со цел да се врати вистинскиот начин на живот на Црквата од почетоците, со што основал свештенство за помагање на сиромашните. (Римска Мартиеологија).

Свети Винко Паулски, роден во Пои во Гаскоњ на 24 април 1581 година, бил ракоположен за свештеник на негова 19-годишна возраст. Во 1605 година додека патувал од Марсеј за Нарбон бил заробен од турски пирати и продаден како роб во Тунис. Бил ослободен од истиот „господар“, кој се преобратил на христијанство. Од ова искуство во него се родила желбата да ја бара материјалната и духовната утеха за галеотите. Во 1612 година станал парох во едно место близу Париз. Во неговата школа се образувале свештеници, религиозни лица и лаици кои биле аниматори за Француската Црква, а неговиот глас станал интерпретација за правата на понизните пред моќниците. Тој промовирал една едноставна и народна евангелизација. Ги основал Свештениците на Мисијата (Лазаристите) и заедно со света Луиза де Маријак, Ќерките на христијанската љубов (сестри Усмиленски) во 1633 година. Им велел на свештениците на свети Лазар: „Да го љубиме Бога, браќа мои, но да го љубиме на наша сметка, со трудот од нашите раце, со потта од нашето лице“. За него Француската царица за прв пат воспоставила Министерство за добротворната љубов и со невообичаениот „министер“ ја организириала помошта за сиромашните на национално ниво. Починал на 27 септември 1660 година и бил прогласен за светец во 1737 година.

*****

„Христијанството зависи од свештениците“ била силна идеја на свети Винко Паулски, заедничка идеја од католичките реформатори во првата половина на 17. век, кога Контрареформата ефикасно одговорила на протестантизмот. Свети Винко Паулски е автентичен портрет за она што значи да се живее третата богословска доблест.

Како да се живее добротворната љубов зависи од свештениците, и свети Винко Паулски бил свештеник со целосна љубов, бидејќи бил целосно свет. Францускиот историчар и книжевен критичар Анри Бремон за него напишал: „Не е неговата љубов која од него направила еден свет човек, туку неговата светост е таа која навистина го направил да биде полн со љубов.“

Винко Паулски е роден на 24 април 1581 година во Пои во Гаскоњ и почина во Париз на 27 септември 1660 година. Иако имал голема интлектуелна дарба, до неговата 15-годишна возраст работел за своето сиромашно семејство. Во 1595 година бил запишен во францускиот институт во Дакс, финансиски подржан од еден адвокат и судија кој бил воодушевен од неговата интелигенција. На 20 декември 1596 година Винко ги примил ниските чинови, и потоа се запишал на теолошки студии во Универзитетот во Тулуз.

На 23 септември 1600 година, на негова 19-годишна возраст бил ракоположен за свештеник, и дипломирал во октомври 1604 година. Во 1605 бил продаден како роб, после киднапирање во брод од страна на турски пирати, и си ја повратил слободата, бегајќи после две години со својот трет господар, кој бил расчинет монах, а станал муслиман за пари, а потоа повторно од него преобратен.

Во 1612 година бил назначен за парох во Клиши, во периферијата на Париз. Во тој период го сретнал теологот и кардинал Пјер Беруј, еден од протагонистите на француската Контрореформа која по поттик на свети Филипо Нери, во Париз основал Ораторија на Исус и на Марија Непорочна. Благодарение на овој исклучителен духовен водич, отец Винко почнал да не се грижи повеќе за своите економски проблеми, посветувајќи се на апостолскиот живот претежно исполнет со катехизација и добротворна љубов. (…)

Контактот со руралната сиромаштија и со болните го поттикнаа светецот да основа едно братство од побожни луѓе, задолжени во смени да ги придружуваат болните од парохијата. Така на 20 август 1617 година настанала првата заедница на Добротворната љубов, чии соработнички сами се именувале Слугинки на сиромашните и за три месеци заедницата имала веќе свој правилник, одобрена од Лионскиот епископ. (…)

Најважната градска институција била онаа наречена како Божјиот Хотел (Болница), која свети Винко ја организирал во 1634 година. Помеѓу стотиците приврзанички на оваа Добротворна љубов, биле идната Полска царица Луиза Марија Гонзага и војвотката од Агуилон, внуката на премиерот, кардиналот Ришелје.

Во 1618 година почнал да проповеда во руралните средини, така што и други свештеници му се придружиле, господите Гонди му давале голема финансиска поддршка, а надбискупот од Париз ја дал својата поддршка, одобрувајќи ја Конгрегацијата на мисијата на 24 април 1626 година, додека согласноста за конгрегацијата од царот на Франција стигнала во мај 1627 и она од папата Урбан VIII на 12 јануари 1632 година.

Во меѓувреме, свештениците – мисионери се собрале во манастирот на Свети Лазар, од каде ќе го добијат и името Лазаристи. За образование на монахињите, ги доверил на света Луиза де Маријак. Новата Конгрегација била наречена Ќерки на Христијанската љубов, одобрена во 1646 година од Архиепископијата во Париз и во 1668 од Светиот Престол. Тие се раширени во светот вршејќи каритативна помош на болните лица во болниците, на сираците, на затворениците, на ранетите од војните, на инвалидите и на секој вид човечката беда. И денес исто така Ќерките на христијанската љубов (сестрите Усмиленки) го сочиниваат најбројното религиозно женско семејство во Црквата. (…)

Карактеристичните доблести од Викентиевиот дух, според Правилото на мисионерите, се таканаречените пет Давидови камења: едноставноста, понизноста, кроткоста, умртвувањето, ревноста за спасението на душите. Неговите омилени книги се: Имитирањето на Христос; Филотеа. Вовед во посветениот живот; Трактатот за Божјата Љубов.

Добротворната љубов е третата од богословските доблести, всушност, најголемата од сите (Мк 12, 28-31 – Кор 13, 1-13), онаа за која луѓето може да го спроведат основното правило да го сакаат Бога над секоја друга работа, и ближниот како самите себе за Божјата љубов. (…)

Светецот од Гаскоњ за добротворната љубов велеше: „Добротворната љубов кога е населена во една душа, таа целосно ги зафаќа сите нејзини сили; нема за неа одмор; тоа е оган која постојано гори; секогаш ја одржува во пракса, личноста е скогаше во движење, кога веќе еднаш се разгорела“. Во добротворната љубов Бог е на прво место и по овој редослед Семоќниот делува со натприродни сили, несфатливи за нас, врз оној кој искрено го сака со вистинска љубов, кој се обврзува за една чиста љубов кон Исус.

Деновите и ноќите на свети Винко Паулски, кој живеел како што ги советувал своите, „во одморот и во довербата во Бога, дури и во радоста Божја“, биле исполнети со света Литургија, утрински молитви, обожавање на Пресветото, медитации, Ангелов поздрав, вечерни молитви, како што самиот тој открива во едно писмо од 1640 година до света Џована од Шантал. Токму ова секојдневие, кое почнувало од 4:00 и завршувало во 21:00, било во можност божествено да го конкретизира тоа што солидарноста не би можела никогаш да го реализира, бидејќи е доминирана од човечки граници. „Кога ќе ја оставите молитвата за да одите да се погрижите за некој болен“, ѝ велел на Ќерките на христијанската љубов, „ќе го оставите Бога за Бога: да се грижите за болен е исто како да се молите“ а молитвата прави чуда, за себе и за другите.

Светци и блажени/З.А.

Таг: Свети Винко Паулски – основател на друштвото мисионери (свештениците лазаристи, и на ќерките на христијанската љубов (сестрите усмиленки)

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот