Свети Василиј Велики за молитвата

Браќа, многу ни е потребно да се молиме, но не така од нашите усти да излегуваат мноштво свети зборови и гласови. Навистина, должни сме низ целиот живот да го славиме и повикуваме милосрдниот Бог и тоа со искрени зборови и добри дела. Немојте да мислите дека Господ Бог чека на вас сами себе да се препорачате. Тој знае што му е потребно на секого од вас иако не Го молите. Увото Божјо не треба да слушне зборови за да ги одгатне вашите мисли. Тој е способен да ја препознае и вашата тајна молба која се крие во вашето срце. Зар не сте слушнале како Мојсеј еднаш длабоко воздивнал повикувајќи го Бог на помош и покрај тоа што не испуштил никаков глас сепак Господ го прашува: „Зошто викаш кон Мене?“ (2 Мој 14,15) (…)

Затоа браќа, мислејќи секогаш на Господ Бог, имајте го во своето срце Неговиот страв и спомнувајте ги во своите мисли своите ближни. На многу можете да им помогнете да влезат во Царството Божјо. Држете се цврсто во надежта во добриот Бог. Очекувајте од Него помош и бидете сигурни секогаш кога на Него ќе му се обратите, Тој не само што нема да ве одбие туку Самиот ќе ви се приближи и ќе ви каже: „Еве Ме!“ (Исаија 58,9). Браќа, ако постојано имате на ум дека Господ Отецот ваш е присутен на секое место, дека Тој на секој му помага, дека Тој ги познава тајните на вашите срца, тогаш нема да ве надвладеат зли мисли ниту некое друго зло, тогаш ќе се зачувате од секој друг грев, а поради тоа злато ќе постане вашата молитва. Запамнете дека и мирот исто така добро ја оспособува душата за славење на Бог. Ако вашата душа не се растресува од празни работи од овој свет и ако тие не се лекуваат на земјата, тогаш се свртувате против себе самиот, а и преку себе и против Бог. Така со Него, со Неговата убавина прикована заборава дури на своите потреби, па ниту настојува да се грижи за храна, облека и останатите потреби на телото, туку се грижи само за тоа да стекне вечни добра. Браќа, немојте да се вклопите на тоа половина од живот да ни помине без корисно, дремејќи и спиејќи. Во него нека се разбудуваат свети чувства и мисли кои преку денот ќе ја исполнуваат вашата душа. А веднаш штом сонцето почне да излегува, пред да осамне денот, вие веќе со песни и псалми славете го својот Создател, затоа што од ова ништо нема посвето на светот. А кога сонцето ќе почне да се издига, подготвувајте се за работа, а молитвата насекаде нека ве прати. И како што солта го зачинува јадењето, така светите псалми нека бидат зачин на сѐ што излегува од вашите раце.

Молете се браќа пред секое јадење затоа што достоен е Господ да Му се благодари за тие дарови кои сега ни ги пружи како и за оние кои ни ги чува за идните денови. Молете се исто така веднаш откако сте го нахраниле своето тело, затоа што и тогаш треба да го славите небесниот Отец и да Го молите за милост за Тој никогаш да не заборави да ги исполни дадените ветувања. Да! Молете се, затоа што молитвата е чудесна работа. Таа втиснува во душата јасна слика на самиот Бог, таа го доведува кај нас да живее, таа Го опфаќа и милува во сеќавањето и во срцето. Таа молитва прави да сме Божја светост и нашиот разум и нашите чувства не се губат во земските работи туку се изнесуваат кон Господ и во Него се уживаат.

Она што за многумина во молитвата е денот, за светите ревнители на славата Божја е полноќта. Гробната ноќна тишина влева во нашата душа чудесно расположение. Во нивните срца не се вовлекува во ноќта ништо зло ниту преку очите ниту преку ушите, туку го свртуваат својот ум на размислување за сопствените гревови, донесуваат спасоносна одлука за да се чуваат од гревовите и молат за себе жар и помош од небесниот Отец.

Да сфатиме браќа, тоа што ни го кажува Мојсеевиот пример, Светото Писмо, ја опишува борбата на Израелците со нивните непријатели Амеликијците и кажува: „И кога Мојсеј ги креваше рацете угоре – надвладуваа Израелците, а кога ги спушташе рацете – надвладуваа Амаликијците.“ (2Мој 17,11). Ова е слика за нашите молитви! Кога во неа ќе малаксаме и ќе се опуштиме, тогаш над нас преземаат власт злите страсти, а кога во молитвата се воздигнуваме, тогаш назад добиваме сила и победа во борбата. Според тоа: кој може во Божјот храм да зборува во ветар празни зборови, кој може да размилсува за грди работи, кога – како што вели пророк Давид, во Неговата светија секој Му искажува слава. Од храмот Господов не отстапуваат ниту светите ангели, туку нашите зборови запишуваат во себе книга. Тука заедно пребива небесниот Отец гледајќи во срцата на оние луѓе кои доаѓаат кај Него да се молат. Тој гледа кој од нив е со искрено срце, кој со размислување, а кој го слави само со устата!

Небесата ја искажува славата Божја, Бога го слават сите хорови на набесните ангели, сите созданија, немите, како и гласните,  било на земјата било на небото, искажуваат чест на својот Создател. А само еден беден човек понекогаш ја напушта куќата, доаѓа во Божјата светиња и не пази на Божјите зборови, не ја чуствува сопствената природа, не се кае кога ќе се сети на неговите гревови, не се плаши од страшниот суд, а се смее, ја пружа својата рака на познаниците, го претвора местото за молитва во место за трговија и ја омаловажува опомената која на сите луѓе ја дава пророк Давид кога вели: „Фалете Го Бога во Неговата светиња… Се што дише – нека го фали Господа! (Пс 150). А на Бог не Му треба човечката слава. Тој само сака да станеме достојни за слава во Неговото царство. Заради тоа: какво зрно веќе на земјата ќе посеете, такво ќе собирате и на другиот свет.(…)

Запомнете браќа, во средината на воздишката, во средината на светлите повици, во сред постојаното бдение ќе ги отстрани од вас Господ сите опасни искушенија, ќе ве олади од страстите, ќе ви даде сила, волја и надеж за крепости. Нему нека биде сето тоа за слава и поклон сега и во вечни векови. Амин.

Д.И.

За авторот