Свети Атанасиј Велики

Свети Атанасиј Велики е роден во Александрија во 296 година. Од детство бил наклонет кон духовниот повик. Откако го завршил своето образованието, епископот Александар го прифатил како свое духовно чедо, и го поставил и за свој ѓакон и истиот го придружувал на Првиот вселенски собор во Никеја 325 година, каде биле донесени низа одлуки важни за Црквата.

Атанасиј го напишал Символот на Верата кој на соборот бил усвоен. По смртта на Александар, свети Атанасиј бил избран за архиепископ на Александрија. Во архиепископскиот чин останал над четириесет години, иако не бил цело време на архиепископскиот престол. Од вкупно 47 години епископско служење, тој 15 години поминал во прогонство. Во текот на своето делување, неколку пати бил прогонуван од страна на римските императори како што се Констанциј, Јулијан и Валент.

Во 373 година починал во Александрија на 76-годишна возраст. Црквата го чествува неговиот спомен на 31 јануари заедно со свети Кирил Александриски.

Категорија: духовнитекстови

За авторот