Свети апостол и евангелист Матеј

Свети апостол и евангелист Матеј

Денес го славиме св Матеј, наречен Левиј, автор на првото Евангелие, кој го напишал на арамејски јазик и е еден од првите апостоли кои Исус ги повика да го следаат.

Свети Матеј, по раѓање Евреин, син на Алфеј, според свети Марко ја вршел службата собирач на данок во Капернаум. Кога Божествениот Учител му рече да го следи, тој седеше на масата за собирање данок во близина на брегот на езерото. Еве го делот од Евангелието: „И излезе Исус пак покрај морето, и сиот народ доаѓаше при Нрго и Тој ги поучуваше. И кога одеше, го виде Левија Алфеев, кој седеше на митницата, и му рече: ‘Врви по Мене!’ Тој стана и тргна по Него.“ (Мк 2, 13-14).

Восхитувачка великодишност! Матеј имаше работа која му гарантираше сигурен просперитет. Но оваа одлучувачко откажување од овие добра за да го следи Исус, направи да заслужи такво изобилство на благодат за да ги достигне највисоките врвови на христијанската совршеност. Свети Матеј малку подоцна имаше среќа да го прими како гостин во својата куќа Спасителот, на кое фарисеите толку многу се соблазнија, бидејќи Исус јадеше со цариниците и грешниците. Но го знаеме величествениот Исусов одговор: “Не дојдов за здравите, туку за болните.“ (спр. Мт 9, 12; спр Мк 2, 17).

Откако го прими Светиот Дух на Педесетница, го проповедаше Евангелието во Јудеја и во соседните области, а малку подоцна после распрснувањето на апостолите низ светот, го напиша Евангелието наменето за Евреите.

Свети Матеј, како што тој го напишал Евангелието за своите сонародници, сакаше да докаже дека распнатиот Исус беше очекуваниот Месија, Израиловиот Откупител навестен од пророците во Светото Писмо. Всушност честопати читаме изрази: „Како што е напишано од пророкот Исаија, од пророците“, итн.; тоа е темелен доказ дека пророштвата и ветувањата од Стариот Завет се исполниле во Исус Христос.

Потоа тој го проповедаше евангелието во Африка, во Етиопија, а од сведоштвото на Климент Александриски дознаваме дека тој водел контемплативен и многу строг живот, не јадејќи ништо друго освен билки, корени и шумски плодови.

Бил убиен од страна на една група свирепи незнабожници додека служел света Литургија. Неговите мошти биле пренесени после 300 години во Британија.

Како и другите евангелисти, исто така и свети Матеј е означен со еден од четирите мистериозни животни опишани од пророкот Езекиел, и во Откровението од свети Иван. Одлуката на Светите Отци дека животното кое имало обличје на човек им е заедничка, бидејќи најдобро го отсликува свети Матеј, кој токму тој го започнува Евангелието со родословот на Исус.

Свети Матеј е заштитник на банкарите, сметководителите, царинските службеници, финансиската полиција,.

МОЛИТВА:

Да ни бидаат од помош, Господи, молитвите на твојот блажен апостол и евангелист Матеј, доколку не добиеме според нашата сила, да ни биде дадено преку неговото посредништво.

Санто Ддел Џорно/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот