Свети апостоли Петар и Павле

Во животот е најважно искуството на верата. Верникот без искуство на верата не е моќен на некој да му посведочи дека се исплатува да се биде верник. Верникот без искуство на верата е како човек кој во летен топол ден знае дека постои сладолед, но само во слаткарница, знае дека постојат милијарди денари, богатство и исполнување на неговите желби. Но само во теорија. Обичните верници мислат дека со вера не може да има нешто на овој свет, туку само после смртта. Така тие не го живеат Словото од Светото Писмо и не влегуваат во неговата стварност. Верникот со искуство на верата може другите да ги увери дека постои Бог и да ги доведе да ја искусат верата. Тој човек знае дека може да се евангелизира светот.

Апостолите Петар и Павле биле едноставни луѓе како што сме денес ние. Петар бил рибар, а Павле високо образован теолог. И двајцата верници, без некое искуство на верата, поради тоа се обични, секојдневни луѓе. Петар му вели на Исус: „Бегај од мене, зашто сум грешен човек“. Павле наместо љубовта која ја искажува Светото Писмо оди да ги прогонува и затвора христијаните. Во што била нивната големина: Кога доживуваат пресвртница?

Исус го забележува Петар, црвсто го фаќа за рака и му вели: „Врви по мене“. Павле Исус го собори од коњот, му се покажа и му рече дека од сега ќе го употреби за навестување на неговата Радосна вест. Петар долго време се противеше на Исус, не прифаќаше што зборува Исус. Грешеше, плачеше, се спротивставуваше на Исус и се каеше, бегаше од него и пак се враќаше кај него. И издржа до крај. По најтешкото разочарување, Исусовата смрт, не се откажа, бидејќи Исус упорно го бараше. На Духовден го доживеа искуството на Светиот Дух, ги прими даровите на Духот и искуството на верата и започна да држи говори, кои преобраќаа илјадници луѓе. Поради тоа искуство кое го доби на Педесетница, можеше да лекува болни, луѓето ги донесуваа болните на плоштадите за да падне сенката на Патер врз нив и биле излекувани.

И Павле се противеше на Исус. На патот за Дамаск Исус го собори на земја. Тогаш Павле праша: „Господи што сакаш да направам? Исус му рече да се крсти и да ги следи неговите стапки. Павле тоа го направи, прогледа, се крсти и започна да навестува верно низ Мала Азија, Грција и до нашите краишта, а на крај дојде во Рим, каде што со смрт посведочи за Исус од Назарет. Не го жалеше својот живот, бидејќи беше свесен колку многу му значи Исус. Пишува: „Знам на кому му поверував“. „За мене живот е Христос, а смртта – придобивка“, вели свети Павле. „Знам на кому му поверував“ – тоа го живееше Павле. Искуството пред Дамск, искуството на крштението, а потоа искуството во пустината во долга молитва, искуството на Првата Црква, пријателството со верниците на Варнава, а потоа разговорите со апостолите во Ерусалим, искуството кое го добиваше проповедајќи го Словото Божјо и гледајќи како се преобраќаат луѓето и како многумина се излекувани преку неговата молитва и вера, сето тоа му даваше сила да биде горд до крај што беше Исусов ученик.

Искуството на Светиот Дух му даде на Петар сила да ги издржи сите неволји и прогонства. Беше фрлен во темница, Ирод наредниот ден сакаше да го убие и така да го придобие народот за себе. Но Петар го изведува ангел, ги одврза оковите и преку четири стражи го изнесе надвор, го однесе до куќата на Марко, каде Првата Црква цела ноќ молеше за него, по што Петар замина од Ерусалим и така се спаси. Петар постојано молеше. Тоа искуство на молитвата  му даваше мудрост да сфати дека Стариот Завет заврши и дека Исус донесе Нов Сојуз, дека дојде до исполнување на сите свои ветувања од Стариот Завет и дека треба да го љуби Бог и човекот. Да се љуби Бог и човекот, но не само живеејќи за нив, туку и да се умре за нив. Тоа го покажаа Петар и Павле.

Петар беше одлучен да отиде во Кесарија, кај еден римски граѓанин, кој не беше Евреин, Корнелиј, влезе во неговата куќа, иако според еврејскиот закон тоа не смееше да го стори, и му го навести Исус. Павле молеше деноноќно. Имаше искуство со Бог и дар на јазикот, пророчка и чудна сила и најпрво проповедаше на Евреите, а кога тие не го послушаа, им прпоповедаше на паганите, иако и тоа според еврејскиот закон не смееше да го прави. Павле знаеше дека Христос нѐ воведе во слобода. Но не во слобода за зло, туку од злото, да го победуваме злото, Злото и нечовештвото и да живееме во убавина, благородност и правда, љубов и доверба.

Поради тоа Католичката црква ги нарекува Петар и Павле првоапостоли. Обичен рибар, доби големо достоинство, чест и слава и двеилјадното христијанство го почитува, му верува и го љуби. Свети Павле можеше да остане да биде обичен, мал теолог во својот народ. Но тој му поверува на Исус и стекна искуство на верата и стана величествен теолог, чуден човек, кој го следат илјадници, му веруваат и го почитуваат. Од убиец и противник стана човек полн со љубов, доверба и простување.

Петар и Павле сведочат дека е можно да се стане нов човек. И ние можеме да го стекнеме искуството на верата и да станеме нови луѓе.

 Томислав Иванчиќ, Оаза на животот

Превод: го*ко

За авторот