Светиот Престол: Слободата на изразување поврзана со верската слобода и почитувањето на заедницата

Светиот Престол: Слободата на изразување поврзана со верската слобода и почитувањето на заедницата

Плуралност на ставовите, учествувањето во јавните расправи, надзор над исправноста и траспаретноста на информациите исто така на социјалните медиумите; Желба на делегацијата на Светиот Престол што се однесува до слободата на изразување се испреплетува со верската слобода и со почитувањето на заедниците.

Заштита и одговорност на медиумите – се главните точки кои делегацијата на Светиот Престол при Организацијата за безбедност и соработка на Европа ги истакна на почетокот на излагањето на вториот дополнителен состанок за Човековата димензија во 2020 година, посветена на слободата на изразување, медиумите и информациите. За да ја шират вистината во општеството, слободата, праведноста и солидарноста медиумите – во сите облици, треба да бидат заштитени и треба да им биде загарантирана слободата која ја призна меѓународната заедница. Истовремено треба да се признае дека слободата на изразување како секој човеково право има одговорност која не може да се занемари.

Светиот Престол повторно ги истакнува етичките темели на медиумите во општеството фокусирани на личноста и заедницата кои се целта и мерилото за употреба на средствата за комуникација со цел интегрален човеков развој затоа што медиумите ништо не работат сами; средствата се користени онака како што луѓето одлучуваат дека ќе ги користат.

Не е прифатливо – истакнува Светиот Престол, да се сокриваш зад слободата на изразување како оправдување за дискриминација, напнатост или насилство во однос на некоја религија или нејзини членови. Слободата на изразување треба да вклучува почитување и простор за мислења, па и различни, не пречејќи на критички разговори или серизони расправи за религиите. Светиот Престол затоа ги повикува медиумите да бидат одговорни и за верските прашања да даваат примерни и точни извештаи дозволувајќи членовите на заедниците да ги изразат сопствените мислења.

Во излагањето на папското претставништво исто така е изразена желбата средствата за комуникација да бидат инклузивни и да поттикнуваат на размена на идеи и богати и опсежни ставови. Освен тоа се поттикнува институциите да вклучат во јавните расправи претставници од верските заедници за да можат да ги изразат своите ставови врз основа на моралните уверувања кои произлегуваат од нивните вери и така да дадат придонес во животот на своите земји.

Посебно внимание Светиот Престол посветува на употребата на интернетот, а посебно на социјалните мрежи кои можат да станат средства за навредување и за пораки на омраза и клевети. За тоа да се избегне, давателите на интернет услугите и социјалните мрежи би требало – според мислењето на Светиот Престол – да поттикнуваат да се прифатат јасни и траспарентни стандарди кои не дискриминираат, туку го спречуваат секој облик или однесување обележано со нетолеранција.

Во излагањето Светиот Престол на крајот истакнува дека во време на пандемија уште повеќе се истакнати нееднаквости во пристапот до информации заради кои уште повеќе трпат луѓето со тешкотии, посебно во сиромашните општества и прилики. Дигиталниот јаз помеѓу богатите и сиромашните – истакнува Светиот Престол – може да чини животи посебно кога многу важни информации не се правовремени. Ако нема пристап до соодветни, транспаретни и ажурирани информации, се создаваат уште поголеми нееднаквости во уште пораширеното страдање. Затоа завршниот апел на Светиот Престол е да се вложат сите напори за на сите да им се загарантира целосен и делотворен пристап до информации поминувајќи по патиштата на правата и економскиот развој.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот