Светиот Престол се залага за свет заснован на етиката на братство

Светиот Престол се залага за свет заснован на етиката на братство

Надбискуп Пол Р. Галагер, секретар за односи со државите, во разговор за Радио Ватикан се осврна на некои актуелни прашања, како состојбата на христијаните на Блискиот Исток, непријатностите низ кои поминува народот од Рохингја во Мјанмар, како и на актуелната криза на Корејскиот полуостров.

Ватиканскиот министер за надворешни работи од 5 до 9 септември ова година беше во посета на Техеран и рече дека со иранските власти искрено разговарал за тешкотиите со кои се соочуваат христијаните во Иран, како и оние во Сирија и Ирак, земји кои се растргнати од војната. Напомена дека многу христијани кои ја напуштиле Сирија и Ирак повеќе нема да се вратат во таа земја, а оние кои се наоѓаат во бегалските кампови во Либанон и Јордан ќе се вратат ако им се понуди гаранција за мир, како и поттик, како иницијатива за обнова на селата во долината Ниневија.

Тој истакна дека христијаните играат клучна улога на Блискиот Исток, тие се како цемент кои го држи општеството заедно. Среде етничките и верските конфликти – продолжи надбискупот – христијаните, кои отсекогаш живеат таму, мораат и понатаму да бидат дел од тоа општество, граѓани како сите останати, и да се даде свој придонес на повторно градење на тие земји.

Надбискупот Галагер рече дека во разговорот со иранските власти изразил загриженост поради потешкотиите со кои се соочуваат католиците во таа земја. Надбискупот рече дека притоа до израз дојде различното сфаќање на верската слобода, додавајќи дека иранските власти ја пофалуваат улогата и придонесот на христијаните, но истовремено е јасно дека правилата на игра за христијанските заедници се исклучително тешки. Тој се надева дека неговата посета ќе го насочи вниманите на нивните непријатности и ќе дојде до идна соработка за да се решат некои практични проблеми на тие заедници.

Надбискупот Галагер рече дека со иранските власти разговарал и за ситуацијата во која се наоѓа народот во Рохингја. Тој истакна дека папата Фрањо за време на својата средба со Аунг Сан Су Кји лидерот на Мјанмар, во мај ова година изрази загриженост со оглед на состојбата на народот во Рохингја. Надбискупот додаде дека мјанмарските епископи продолжуваат да вршат притисок на владата за да се запрат сите напади на селата на тоа муслиманско малцинство и да ги почитуваат правата на тој народ кој страда. Светиот Престол внимателно ќе го следи развојот на ситуацијата додека папата Фрањо се подготвува за својата посета на Мјанмар и Бангладеш на крајот на ноември ова година.

Секретарот за односи со државите исто така ја коментираше неодамнешната ескалација на тензиите на Корејскиот полуостров, инсистирајќи меѓународната заедно да мора да заземе единствен пристап за Северна Кореја и остнатите подрчја на конфликтот, и кризата на Корејскиот полуостров мора да се набљудува во поширок контекст за „непредвидени опасности“ заради најлошата глобална несигурност од Втората светска војна. Надбискупот Галагер рече дека Светиот Престол е многу загрижен за растечките тензии на тоа подрачје. Истакна дека Корејската војна никогаш формално не е завршена, и дека Светиот Престол и понатаму се залага за свет без нуклеарно оружје, кое се заснова на етиката на братството, а не на етиката на агресија.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот