Светиот Престол потпиша договор со Демократска Република Конго

Светиот Престол и Демократска Република Конго потпишаа договор за прашањата од заеднички интерес.

Во соопштението на прес службата на Светиот Престол се наведува дека договорот, кој се состои од преамбула и 21 член, ја нагласува автономијата на Црквата и државата и нивните добри односи за кои се поставува законска рамка.

Документот ја утврдува законската положба на Католичката Црква во граѓанската сфера на Конго и  нејзината слобода за апостолски активности и регулирање на прашањата во рамките на нејзините надлежности. Договорот специфично се однесува на католичките воспитни институции, на воведување на веронаука во училиштата, црковните каритативни активности, пасторлната грижа за војската и затворските и болничките капелани, како и на данокот на имот и добивање виза за верските луѓе. Исто така, се говори и за односот на бискупската конференција и државата во однос на одредени прашања од заеднички интерес.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот