Светиот Престол поддржува целосна забрана на нуклеарното оружје

Светиот Престол поддржува целосна забрана на нуклеарното оружје

Постојаниот набљудувач на Светиот Престол во Обединетите нации монс. Бернардито Ауза по повод Меѓународниот ден за борба против нуклеарните тестирања, апелираше светот да биде ослободен од сеништето на нуклеарната војна.

Државите треба да го ратификуваат договорот за разоружувањето кој не е правна, туку морална обврска за доброто на човештвото.

Во својот говор, монс. Ауза потсети дека Светиот Престол побарал целосна забрана на нуклеарно оружје уште на почетокот на нуклеарната ера. Во февруари 1943 година, две и пол години пред „Тринити“ (првиот нуклеарен експеримент во светот), папата Пиј XII изразил голема загриженост за нехуманото користење на атомската енергија. По Хирошима и Нагасаки, гледајќи ги целосно неконтролираните последици од нуклеарното оружје, папата Пачели бара вистинска забрана на нуклеарната војна

Поддршка на иницијатива за свет без нуклеарно оружје

Монс. Ауза истакна дека „забраната за нуклеарно тестирање е голем чекор напред во ослободувањето од сеништето на нуклеарната војна. Одбележувањето и промовирањето на Меѓународниот ден за борба против нуклеарните тестирања е исто така важна потврда за нашата заедничка определба да се создадат неопходните услови за забрана за нуклеарно тестирање. Затоа Светиот Престол инсистира за брзо стапување во сила на Договорот за сеопфатна нуклеарна забрана.

Договор за разоружување: морална обврска заснована на довербата меѓу државите

Влегувањето во сила на Договорот за сеопфатна нуклеарна забрана може да се случи само ако постои взаемна доверба, особено помеѓу земјите кои треба да го ратификуваат. „Сите треба да придонесат за градењето и консолидацијата на довербата што е потребна за свет без нуклеарно оружје“, рече монс. Ауза.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот