Светиот Престол објави онлајн молитвеник

Светиот Престол објави онлајн молитвеник

На интернет страницата на ватиканската издавачка куќа „Либрериа Едитриче Ватикана“, на 21 април во пдф формат е објавена книга „Силна во неволјите: Црквата во заедништво – сигурна поддршка во време на искушение“.

На 192 страници достапна на англиски, италијански, шпански и француски и наскоро и на португалски јазик и со заштитникот на Црквата свети арахангел Михаил на насловната страна, книгата е поделена во три дела – молитви, обреди и повици, меѓу нив за болни и за ослободување од злото; во вториот дел станува збор за тоа како католиците можат да ја практикуваат верата без помош на светите Тајни кои со ограничено движење во текот на пандемијата физички не им се достапни, а во третиот дел се собрани размислувања на папата Фрањо за црковното заедништво од почетокот на пандемијата со коронавирусот. Меѓу останатото тука се и неговите проповеди од домот Света Марта и наговорите со молитвата Ангел Господов од 9 март.

Издавач на делото е Дикастеријата за комуникација, а текстовите редовно ќе бидат ажурирани и бесплатно ќе можат да се преземаат.

Во воведот уредникот на редакцијата Андреа Торниели меѓу останатото наведува дека книгата е замислена како „мала помош на сите кои го бараат искуството на Божјата близина и утеха во болката, стрдание и осаменоста“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот