Светиот Отец ракоположи десет нови свештеници

Светиот Отец ракоположи десет нови свештеници

На 7 мај 2017 година, Светиот Отец во базиликата Свети Петар ракоположи десет нови презвитери.

Служејќи се главно со предвидениот образец за обредна проповед, која се кажува по повод свештеничко ракополагање, папата Фрањо меѓу останатото ги поттикна неоереите да се свесни во каква служба пристапуваат и ги поттикна вистински и посветено да го живеат своето свештенство.

Светиот Отец ново ракоположените свештеници ги нарече браќа, а така и им се обраќаше, како татко и брат. Тој им објасни на собраните дека Господ Исус, помеѓу сите членови на својот народ, ги избира овие – но, не ги избира за да одат по кариера, туку за да ја вршат службата на која се повикани, односно во Христовото име, во Црквата јавно да ја извршуваат свештеничката служба за доброто на сите луѓе и така да го продолжат Христовото лично послание на учител, свештеник и пастир.

Папата ги поттикна ново ракоположените да го поучуваат народот, да зборуваат едноставно, како што зборувал Господ. „Нека вашите проповеди не бидат интелектуални и елаборирани – рече Папата – зборувајте едноставно, зборувајте со срцата. И таквата проповед ќе биде вистинска храна. Исто така мирисот на вашиот живот нека биде за радост на верниците, затоа што зборот без животниот пример, никому не служи: подобро повлечи се. Двојниот живот е лоша болест во Црквата – рече папата Фрањо.

Настојувајќи ново ракоположените да ги направи свесни за нивната задача, ги поттикна да го имитираат она што го слават, учествувајќи во таинството на смртта и воскресението Господово, и во своите органи да ја примат Христовата смрт, а со Него да чекорат во новоста на животот. Свештеник кој многу студирал теологија и постигнал една, две или три дипломи, а не научил да го носи Христовиот крст, не служи за ништо. Ќе биде добар академик, добар професор, но не и добар свештеник – рече папата Фрањо.

Папата ги замоли свештеничките кандидати вршејќи ја службата света Тајна Помирување да бидат милосрдни. Немојте да им товарите на рамењата на верниците товари кои не можат да ги носат, ниту вие можете да ги носите. Исус ги укорувал таквите доктори и ги нарекол лицемери – рече Светиот Отец.

Со светата тајна Елеопомазание со свет елеј донесувајте им олеснување на болните. Една од задачите – можеби досадни, па и болни – е да одиш и да ги бараш болните. Вие правете така… Да, добро е да одат верници лаици, ѓакони, но така во болните не го допирате месото на Христос кој трпи – што ве посветува и приближува до Христос – рече Светиот Отец.

Свесни дека сте избрани меѓу луѓето и поставени за нивно добро, да се занимавате со Божјите работи, вие вршите во радост и искрена љубов Христово свештеничко дело: бидете радосни, никогаш тажни – рече папата Фрањо – со радост служење на Христос – макар среде страдање, неразбирање и сопствени гревови. Имајте го секогаш во предвид, примерот на Добриот Пастир, кој не дојде за да му служат, туку за да служи. Ве молам – рече Папата сериозно – не бидете „господа“; не бидете „државни клерици,“ туку пастири; пастири на народот Божји – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот