Светиот Отец пристигна во Египет

Светиот Отец пристигна во Египет

Светиот Отец во петок 28 април 2017 година пристигна во Египет како поклоник на мирот. Авионот на Папата околу 14.00 часот слета на аеродромот во Каиро, каде што беше пречекан од Апостолскиот нунциј во Египет, надбискупот Бруно Месаро, како и претставник на египетскиот претседател.

Потоа Папата со автомобил се упати кон претседателската палата, каде се сретна со претседателот Абдел Фатах ал – Сиси. По завршувањето на средбата папата Фрањо се упати на универзитетот ал – Азхар, одржа говор на Меѓународната конференција за мир.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот