Светиот Отец изрази близина со роднините на жртвите од авионската несреќа во Мали

Светиот Отец ја изрази својата близина со роднините на жртвите од авионската несреќа, која се случи на 24 јули во Мали, во која загинаа 118 лица.

Папата во молитвтаа се соедунива со болките на роднините, повикувајќи го Бог загинатите да ги прими во својот мир и да им даде утеха и надеж на сите кои се погодени од таа трагедија – стои во телеграмата упатена до архиепископот на Алжир, монс. Џалеб Бадер.

Остатоците од авионот се пронајдени во покраината Госи, околу 100 киломтери југозападно од градот Гао. Причината за несреќата сѐ уште е непозната, иако се претпоставува дека невремето е можниот причинител за несреќата.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот