Светиот Отец го прими претстедателот на Хаити

Светиот Отец на 24 февруари во Апостолската палата во Ватикан го прими претседателот на Хаити, Мајкл Јосеф Мартели, кој потоа се сретна со Државниот секретар кардинал Пјетро Паролин и архиепископот Доминик Мамберти, секретар за односи со државите.

Соговорниците за време на срдечниот разговор изразија задоволство поради добрите односи помеѓу Хаити и Светата Столица и се осврнаа на големиот допринес кој го дава Црквата на таа земја, посебно на воспитно и здравствено поле, како и во каритативната работа. Освен тоа, истакната е важноста од продолжување на заземањето околу обновата на земјата, како и поттик на искрен дијалог помеѓу различните институции со цел помирување и општо добро и тоа на внатрешен и надворешен план – се истакнува во соопштението на Канцеларијата за печат при Светата Столица.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот